Descargar Imprimir esta página

Поставување На Држачот - GGP ITALY SPA B 26 J Manual De Instrucciones

Desbrozadora de motor portátil manualmente

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 153
е посочено, обезбедувајќи назабувањата
да се поклопат совршено со оние на
аголниот продолжувач (сл. 6.B).
2. Вметнете го доставениот клуч (сл. 6.C)
во соодветниот отвор на внатрешниот
прстен (сл. 6.A) свртете го овој прстен
со рака притискајќи го клучот докрај
(сл. 6.C) за да се вметне во отворот
на аголниот продолжувач (сл. 6.B),
со што ќе се блокира ротацијата.
3. Поставете го калемот со конецот
(сл. 6.H) вртејќи го обратно од правецот
на стрелките на часовникот.
4. Извадете го клучот (сл. 6.C) за
да ја ослободите ротацијата.
Прилагодување на заштитата
на уредот за сечивото
5. Поставете ја дополнителната заштита
(сл. 6.E) вметнувајќи ги закачувалките во
соодветните места за заштитата на уредот
за сечење (сл. 6.F) и притискајте до крај.
Потоа фиксирајте со прафовите (сл. 6.G).
ВАЖНО Кога ја користите макарата
со конецот, внимавајте секогаш да е
поставена соодветната заштита (сл. 6.E), со
ножичките за сечење на конецот (сл. 22.A).
4.3.3.b
Вадење на калемот со конецот
1. Вметнете го доставениот клуч (сл. 6.C)
во соодветниот отвор на внатрешниот
прстен (сл. 6.A) свртете го овој прстен
со рака притискајќи го клучот докрај
(сл. 6.C) за да се вметне во отворот
на аголниот продолжувач (сл. 6.B),
со што ќе се блокира ротацијата.
2. Извадете го калемот со конецот (сл. 6.H)
одвртувајќи го обратно од стрелките на
часовникот внимавајќи да не го извлечете
разделникот (сл. 6.A.1) од носачот.
4.3.3.c
Поставување на
сечивото со 3 запци
Ставете ја заштитата за сечивото.
1. Кога разделникот (сл. 7.A.1) е правилно
поставен на носачот, поставете го
правилно внатрешниот прстен (сл. 7.A)
како што е посочено, обезбедувајќи
назабувањата да се поклопат совршено
со оние на аголниот продолжувач (сл. 7.B).
2. Поставете ги сечивото (сл. 7.C) и
надворешниот прстен (сл. 7.D) со делот
на плочата свртена кон сечивото.
3. Вметнете го доставениот клуч (сл. 7.E) во
соодветниот отвор, свртете го сечивото
со рака (сл. 7.C) и притиснете го клучот
(сл. 7.E) за да се вметне во отворот
на аголниот продолжувач (сл. 7.B),
со што ќе се блокира ротацијата.
4. Поставете го капачето(сл. 7.F) и
затегнете го шрафот (сл. 7.G) завртувајќи
го докрај обратно од правецот на
стрелките на часовникот (25 Nm).
5. Извадете го клучот (сл. 7.Е) за
да ја ослободите ротацијата.
Прилагодување на заштитата
на уредот за сечивото
6. Извадете ја дополнителната заштита
(сл. 7.H - ако е веќе поставена),
отшрафувајќи го шрафовите (сл. 7.J) и
откачувајќи ги вметнатите куки во отворот
на заштитата уредот за сечивото (сл. 7.I).
4.3.3.d
Вадење на сечивото со 3 запци
Ставете ја заштитата за сечивото.
1. Вметнете го доставениот клуч (сл. 7.E) во
соодветниот отвор, свртете го сечивото
со рака (сл. 7.C) и притиснете го клучот
(сл. 7.E) за да се вметне во отворот
на аголниот продолжувач (сл. 7.B),
со што ќе се блокира ротацијата.
2. Отшрафете ја навртката (сл. 7.G) во
правецот на стрелките на часовникот
и извадете го капачето (сл. 7.F).
3. Извлечете го надворешниот прстен
(сл. 7.D), потоа извадете ги сечивото
(сл. 7.C) и внатрешниот прстен
(сл. 7.A), внимавајќи да не го извлечете
разделникот (сл. 7.A.1) од носачот.
4.4 ПОСТАВУВАЊЕ НА ДРЖАЧОТ
(МОДЕЛИ СО ДЕЛИВ ДРЖАЧ)
1. Повлечете го забецот за закачување
(сл. 8.A) и притиснете го задниот дел
од држачот (сл. 8.B) сè додека не
слушнете звук дека забецот влегол
(сл. 8.A) во отворот (сл. 8.C) на држачот.
Вметнувањето може да се олесни со
нежно вртење на задниот дел (сл. 8.B)
во два правци; целосното вметнување
се постигнува со забецот (сл. 8.A)
кој треба целосно да навлезе.
2. Откако вметнувањето ќе се комплетира,
стегнете ја докрај рачката (fig. 8.D).
MK - 8

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

B 26 jdB 26 dB 32B 32 dB 42B 42 d ... Mostrar todo