ВАЖНО Одвреме навреме чистете ги
контејнерите за бензин и за мешавина за
да се отстранат евентуалните талози.
7.3 ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
Пред полнење:
• Протресете го енергично
резервоарот за мешавина.
• Поставете ја машината на рамно и
во стабилна позиција со подигнато
капаче на резервоарот за
мешавината (сл. 10.G; сл. 11.G).
ЗАБЕЛЕШКА На капачето за
резервоарот со мешавината (сл. 10.G;
сл. 11.G) го има следниот симбол:
Резервоар за мешавина
• Исчистете го капачето на резервоарот
во круг за да се избегне навлегување
нечистотии при полнењето.
• Отворете го внимателно капачето на
резервоарот за мешавина за да се
испушти притисокот постепено.
• Наполнете со инка и не ставајте од
мешавината до грлото на резервоарот.
7.4 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
И НА МОТОРОТ
Секогаш чистете ја машината по употребата.
• За да го намалите ризикот од пожар:
– одржувајте ја машината, а особено
моторот од остатоци од трева,
листови и прекумерно масло,
– честопати чистете ги крилцата на
цилиндарот со компресиран воздух и
ослободете ја зоната на придушувачот
од остатоци при пилење, гранчиња,
ливчиња и други работи.
• За да се избегне прегревање и оштетување
на моторот, решетките за проток на
воздух за ладење треба секогаш да
се одржуваат чисти и ослободени
од остатоци при пилење и друго.
7.5 ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ
ЗА ВОЗДУХ
ВАЖНО Чистењето на филтерот за
воздух е битно за добра работа и векот на
самата машина. Не работете без филтер или
со оштетен филтер за да не предизвикате
непоправливи оштетувања на моторот.
Чистењето треба да се спроведува
секои 15 часови работа.
За чистење на филтерот:
• Отшрафете го копчето (сл. 18.B),
извадете го капакот (сл. 18.А) и тргнете
го елементот со филтерот (сл. 18.С).
• Исперете го елементот со филтерот
(сл.18.C) со вода и сапун. Не користете
бензин и други растворувачи.
• Оставете филтерот да се исуши на воздух.
• Поставете го елементот со филтерот
(сл. 18.C), капачето (сл. 18.A) и
зашрафете го копчето (сл. 18.B).
7.6 СВЕЌИЧКА
Повремено, откачете ја и исчистете ја
свеќичката за да ги отстраните евентуалните
талози со метална шпатула (сл. 19).
Проверете ја и обновете ја точната
оддалеченост меѓу електродите (сл. 19).
Поставете ја свеќичката наместо
прицврстувајќи ја со приложените клучеви.
Свеќичката треба да се замени со
друга со аналогни карактеристики во
случај кога електродите се прегорени
или неправилно изолирани, или на
секои 100 часа функционирање.
7.7 АГОЛЕН ПРОДОЛЖУВАЧ
Обилно подмачкајте со маст
од обичен литиум.
Извадете ги шрафовите (сл. 20.A) и
вметнете маст рачно вртејќи ја осовината
сè додека маста не се дистрибуира, а
потоа вратете ги шрафовите (сл. 20.A).
7.8 НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Сите завртки, навртки и лостови одржувајте
ги соодветно зацврстени за да сте сигурни
дека косачката е безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали
рачките се цврсто фиксирани.
MK - 14