Одржување И Сервис - Bosch Uneo Maxx Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para Uneo Maxx:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
OBJ_BUCH-1190-006.book Page 146 Tuesday, September 13, 2016 3:44 PM
146 | Македонски
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 8.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 се постигнуваат мал број на
вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се
зголемува и бројот на вртежи/удари.
Кочница за исфрлување од брзина
При отпуштање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 се закочува главата за
дупчење и со тоа се спречува повторното стартување на
алатот што се вметнува.
При зашрафување на шрафови, прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 отпуштете го дури откако
шрафот цврсто ќе биде зашрафен во материјалот. На тој
начин главата на шрафот нема да навлезе во материјалот.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата 9 при половично
или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување 8 за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од
3 зелени LED светилки.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено
3-те LED сијалички на приказот за наполнетост на
батеријата 9 и сијаличката 11 трепка, доколку
температурата на батеријата е надвор од границите на
работна температура –20 до +50°C.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на температура
за батеријата, се намалува излезната јачина или се
исклучува електричниот уред. Дури по постигнувањето на
дозволената температура на батеријата, електричниот
апарат повторно работи со полна излезна јачина.
3-те LED светла на приказот за наполнетост на батеријата
9 и сијаличката 11 трепкаат брзо, доколку температурата
е надвор од границите на работната температура од –20
до+50°C или реагира заштитата од преоптоварување.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
1 609 92A 353 | (13.9.16)
Совети при работењето
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме
обратете се во овластената сервисна служба за Bosch
електрични апарати.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
Капацитет
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
≥ 67%
www.bosch-pt.com
34—66%
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
11—33%
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
≤ 10%
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido