OBJ_BUCH-2545-003.book Page 193 Wednesday, September 14, 2016 8:49 AM
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата (види слика A)
Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата
Батеријата 11 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 18.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 11:
– Притиснете ја батеријата наспроти основата на
електричниот апарат (1.) и истовремено на копчето за
отворање 18 (2.).
– Извадете ја батеријата од електричниот апарат (3.).
Приказ за наполнетоста на батеријата (види слика B)
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 21 ја покажуваат наполнетоста на батеријата
11.
Наполнетоста на батеријата може да се провери само
доколку таа е извадена.
Bosch Power Tools
– Притиснете го копчето 20, за да се прикаже
наполнетоста на батеријата. По околу 5 секунди
приказот за наполнетост сам се гаси.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 20 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
За време на процесот на полнење трите зелени LED светла
светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е
целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла
постојано светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни
целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се
гасат.
Дополнителна дршка
Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 16.
Свртете ја дополнителната дршка (види слика C)
Дополнителната дршка 16 може да ја вртите по желба, за
да си овозможите безбедна и неуморна работа.
– Вртете го долниот дел на дополнителната дршка 16
наспроти движењето на стрелките од часовникот и
навалете ја дополнителната дршка 16 во саканата
позиција. Потоа зацврстете го долниот дел на
дополнителната дршка 16 во правец на стрелките од
часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да
легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребен ви е SDS-plus-
алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика
како и за заштафување/одвртување се користат алати без
SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење
одн. запчеста глава за дупчење.
Вметнување/вадење на запчестата глава
(GBH 18V-26)
За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна
глава за дупчење, опрема).
Монтирање на запчестата глава за дупчење
(види слика E)
– Зашрафете го SDS-plus-вратилото за прифат 25 во
запчестата глава за дупчење 24. Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење 24 со сигурносна завртка
23. Внимавајте сигурносната завртка да има лев
навој.
Македонски | 193
Капацитет
≥2/3
≥1/3
<1/3
Резерва
1 609 92A 3DF | (14.9.16)