Информација За Бучава; Обем На Испорака; Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch GCM 8 SDE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCM 8 SDE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 50
OBJ_BUCH-2303-003.book Page 291 Thursday, October 22, 2015 8:42 AM
Информација за бучава
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 61029-2-9.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 98 dB(A); ниво на звучна јачина
108 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 61029-1, EN 61029-2-9, EN ISO 12100, EN 60825-1.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 03.03.2015
Монтажа
 Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот апарат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот апарат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот апарат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за оплата со монтиран лист на пилата
– Столарска стега 29
– Внатрешен шестаголен клуч 36
– SDS-завртки 51
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Bosch Power Tools
Фиксна или флексибилна монтажа
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слики A1–A2)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 26.
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот апарат со
обични столарски стеги на работната површина.
Монтажа на Bosch-работна маса
GTA-работните маси на Bosch на електричниот апарат му
нудат стабилност на секоја подлога со помош на ногарките
што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се
обработува на работната маса служат како потпора на
подолгите делови за обработка.
 Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
 Монтирајте ја прописно работната маса, пред да го
монтирате електричниот уред. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од нејзино
распаѓање.
– Монтирајте го електричниот апарат во транспортна
положба на работната маса.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
(види слика A3)
Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го
монтирате електричниот апарат на рамна и стабилна
работна подлога, може привремено да го поставите со
заштита од превртување и продолжетоците за подножјето.
 Без продолжетоците за подножјето 45 и заштитата
од превртување 23 електричниот апарат нема да
биде стабилен и може да се преврти при сечење на
максимални агли на закосување.
– Монтирајте ги продолжетоците за подножјето 45 со
приложените завртки во отворите за монтажа 26.
– Свртете ја заштитата од превртување 23 навнатре или
нанадвор додека електричниот апарат не застане
рамно на работната површина.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
Македонски | 291
1 609 92A 1MH | (22.10.15)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido