Совети При Работењето - Bosch GCM 8 SDE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCM 8 SDE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 50
OBJ_BUCH-2303-003.book Page 294 Thursday, October 22, 2015 8:42 AM
294 | Македонски
Поставување на хоризонтални агли на закосување
(види слика I)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 21, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 22 и истовремено притиснете ја
стегата за фиксирање 20 додека таа не се вклопи во
жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за
пила ќе биде слободно подвижна.
– Вртете ја масата за пила 16 со држачот налево или
надесно додека показателот на агли 24 не го покаже
саканиот агол на закосување.
За агли на закосување над 45 °:
Целосно извлечете ги продолжетоците на масата за
пила 13 кон надвор (види „Продолжување на масата за
пилата", страна 293).
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 21.
– За повторно да го олабавите лостот 22 (за поставување
на стандардни агли на закосување), повлечете го
лостот нагоре.
Стегата за фиксирање 20 скокнува назад во
првобитната позиција и лостот 22 може повторно да се
вклопи во жлебовите 25.
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 296).
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во
еден опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 45°,
22,5° и 33,9°.
Поставување на вертикален агол на закосување
(види слика J)
– Извлечете го граничникот 46 сосема нанапред.
Притоа можете да го користите целото подрачје на
аголот на закосување (лево и десно).
– Затегнете ја десната подеслива шина на граничникот
15 сосема нанадвор одн. отстранете ја целосно (види
„Поместување на граничната водилка", страна 293).
Доколку сакате да го користите целото подрачје на
аголот на закосување, левата подеслива шина со
граничник 15 мора да ја извлечете целосно нанадвор
одн. целосно да ја отстраните.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 43.
– Рачката на алатот навалете ја на дршката 8 лево или
десно, се додека покажувачот на аголот 44 или 33 не го
покажува посакуваниот агол на закосување.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 43.
1 609 92A 1MH | (22.10.15)
Поставување на стандардниот агол на закосување
(види слика K)
Стандарден агол на закосување 0°:
– Навалете го кракот на алатот на дршката 8 малку налево
и притиснете го граничникот 46 целосно наназад.
Стандардни агли на закосување 45°, 33,9° и 22,5°:
– Свртете го левиот или десниот граничник 31, додека не
се вклопи саканиот агол на закосување на ознаката за
стрелка.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување (види слика L)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 7 и држете го притиснат.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 7 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Само со притискање на прекинувачот за блокада 9 кракот
на алатот може да се спушти надолу.
– За сечење, дополнително кон активирањето на
прекинувачот за вклучување/исклучување 7, мора да
го притиснете прекинувачот за блокада 9.
Исклучување
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 7.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот апарат и овозможува работа на 16-A-
осигурувач.
Напомена: Доколку електричниот апарат стартува
веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот апарат мора веднаш да се прати во
сервисна служба, адресата погледнете ја во делот
„Сервисна служба и совети при користење", страна 298.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
 Секогаш затегнете го копчето за фиксирање 21 и
затегнувачкиот лост 43 пред сечењето. Инаку листот
на пилата може да се заглави во делот што се
обработува.
 При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре
граничната водилка, столарските стеги или другите
делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido