7.5
НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
Сите завртки, навртки и лостови одржувајте
ги соодветно зацврстени за да сте сигурни
дека косачката е безбедна за работа.
7.6
АКУМУЛАТОР
Батеријата се доставува со модели со команда
за електрично палење на копче. Во однос на
упатствата коишто се однесуваат на автономијата,
полнењето, одлагањето и одржувањето на
батеријата, следете ги упатствата коишто
се дадени во упатството за моторот.
8.
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1
УРЕД СО СЕЧИВОТО
Уредот со сечивото не е доволно наострен и ја
кине тревата така што тревникот пожолтува.
Не допирајте го уредот со сечивото
ако не сте ја изгаснале машината и ако
не сте го извадиле клучот и ако уредот
со сечивото не е застанат докрај.
Сите операции што се поврзани со уредот
со сечивото (вадење, острење, изедначување,
поправка, повторно ставање и/или замена) се
одговорни работи и изискуваат специфична
компетентност покрај соодветни алати. Од
безбедносни причини, истите треба секогаш да
ги извршува специјализиран сервисен центар.
Заменувајте го секогаш уредот со
сечивото ако е оштетен, изабен или
истрошен, заедно со соодветните шрафови
за да ја одржите рамнотежата.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални уреди со
сечива, дадени со код во табелата "Технички податоци".
Заради развојот на производот, уредите со сечивото
наведени во табелата "Технички податоци" треба
со време да се заменат со други со соодветни
карактеристики за замена и функционална безбедност.
8.1.1
Проверка на оската на
уредот со сечивото
Кај одредени модели на тревокосачки има
оска (сл. 21.А), видлива однадвор на уредот
со сечивото која дозволува проверка на
интегритетот на уредот со сечивото.
• Ако оската е видлива, уредот со
сечивото е цел и нема оштетувања.
• Ако не е видлива, тоа значи дека уредот со
сечивото е оштетен. Обратете се кај овластениот
сервисер за да го провери и поправи.
8.2
РЕГУЛИРАЊЕ НА КАБЕЛОТ
НА МЕНУВАЧОТ
Оваа регулација е неопходна кога рачката (сл.
22.А) не сака да се задржи во позиција «
ВАЖНО Регулацијата треба да се
направи кога моторот е изгаснат.
Со рачката (сл. 22.А) во позиција «
го регистарот (сл. 22.В) за кабелот во правецот
посочен со стрелката до соодветното затегнување
кога рачката се задржува во дадената позиција.
9.
ОДЛОЖУВАЊЕ
Кога машината треба да се одложи:
1.
Испразнете го резервоарот на отворено
и кога моторот е студен.
2.
Вклучете го моторот и одржувајте го во
минимален режим на работа сè додека
не се изгасне за да го потроши целото
гориво што останало во карбураторот.
3.
Оставете го моторот да се излади.
4.
Отстранете го капачето на свеќичката, (сл. 23)
5.
Исчистете ја темелно машината.
6.
Проверете дали на машината има
оштетувања. Ако е потребно, контактирајте
со овластен сервисен центар.
7.
Одложете ја машината:
– во сува просторија
– и засолнета од ложи временски услови
– по можност покриена со прекривка
– и на место надвор од дофатот на децата,
– уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
Во моментот кога машината треба да се стави
во функција, поставете ја како што е посочено
во поглавјето "6. Употреба на машината".
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
• застанете го моторот,
• проверете дали сите делови што се
движат се застанати целосно,
• носете заштитни ракавици,
• фатете ја машината на места кои нудат
сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината
тежина и распределба на истата,
• ангажирајте соодветен број луѓе во согласност
со тежината на машината и карактеристиките
на средството за транспорт или за местото на
кое треба да се донесе или земе истата,
• проверете дали кога работи машината, нема
знаци на оштетувања или дефекти.
За време на транспорт:
• обезбедете ја соодветно машината со
помош на јажиња или синџири,
• поставете ја на начин да не претставува
опасност за никого,
MK - 11
».
«, свртете