Безбедносни Напомени За Пили За Сечење На Метал - Bosch GCD 12 JL Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCD 12 JL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
232 | Македонски
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за пили за сечење на
метал
Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
u
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата
u
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се заштити и контролира.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
u
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка престилка
којашто ги запира малите абразивни парчиња или
парчиња од делот што го обработувате. Заштитата
за очи мора да овозможи спречување на остатоци што
се распрскуваат при работењето. Маската против прав
или респираторот мора да ги филтрира честичките што
се генерираат при работењето. Долготрајна
изложеност на интензивна бучава може да доведе до
губење на слухот.
Доколку има други лица во работното поле, држете
u
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе
во работното поле, мора да носи лична заштитна
опрема. Парчињата од делот што се обработува или
скршениот алат за вметнување може да летнат
наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од
директното поле на работа.
Држете го приклучниот кабел подалеку од алатите
u
што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над
уредот, приклучниот кабел може да се пресече или да
1 609 92A 5UE | (05.10.2020)
се зафати и да Ви ја заглави дланката или раката во
алатот што се вметнува.
Редовно чистете ги воздушните вентили на
u
електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да
ја повлече прашината во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електрична енергија.
Не работете со електричниот алат во близина на
u
запаливи материјали. Не работете со електричниот
алат доколку се наоѓа на запалива површина, како
на пример на дрво. Искрите можат да ги запалат овие
материјали.
Не користете дополнителна опрема за која се
u
потребни течни разладувачи. Користењето вода или
други течни разладувачи може да доведе до смрт или
струен удар.
Секогаш користете неоштетена стезна прирабница
u
со соодветна големина и облик за избраното
сечило за пила. Соодветната прирабница го држи
сечилото за пила за сечење и така ја намалува
опасноста од лизгање на сечилото.
Сечилата за пила и прирабницата мора точно да
u
одговараат на вретеното на Вашиот електричен
алат. Алатите за вметнување што не одговараат точно
на вретеното на електричниот алат, се вртат
нерамномерно, вибрираат многу јако и може да
доведат до губење на контролата.
Не користете оштетени сечила за пила. Пред секоја
u
употреба проверете ги сечилата за пила дали се
скршени или пукнати. Доколку ви падне
електричниот алат или сечилото за пила, проверете
дали е оштетен алатот или пак употребете
неоштетено сечило за пила. Откако сте го
провериле и ставиле сечилото за пила, не им
дозволувајте на лицата да бидат во близина на
висина на ротирачкото сечило за пила и оставете го
електричниот алат да врти една минута на највисок
број на вртежи. Повеќето оштетени сечила за пила ќе
се скршат во текот на овој пробен период.
Одбивање и слични предупредувања
Повратниот удар е ненадејна реакција како последица од
заглавено или блокирано ротирачко сечило за пила.
Заглавувањето или блокирањето води кон ненадејно
запирање на ротирачкиот алат за вметнување. Со тоа
агрегатот за брусење неконтролирано се забрзува
нагоре во правец на корисникот.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некое сечилото
за пила, работ на сечилото кој влегува во делот што се
обработува може да се закачи и така да го скрши
сечилото за пила или да предизвика повратен удар.
Притоа сечилата за пила може исто така да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на
електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни
прописни мерки, како што е опишано подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и
u
позиционирање на вашето тело и рака за да се
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gcd 12 jl

Tabla de contenido