Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GCD 12 JL Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCD 12 JL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
240 | Македонски
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Проверка: (види слика K1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Притиснете го лостот за фиксирање (1) и рачката на
алатот водете ја полека надолу со дршката (16).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (19).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување: (види слика K2)
– Свртете ја завртката за поставување (35) со
испорачаниот крстест одвртувач (12), додека
ласерскиот зрак не дојде во паралела со целокупната
должина на линијата на сечење на делот што се
обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Подесување на агломерот (види слика L)
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отпуштете ја затезната дршка (13) на аголниот
граничник (6).
– Свртете го аголниот граничник (6) до крај во 0°-
позиција.
Проверка
– Поставете аголно мерило на 90° и ставете го меѓу
аголниот граничник (6) и сечилото за пила (31) на
масата за сечење (25).
Кракот од аголното мерило мора да биде рамен со
аголниот граничник по целата должина.
1 609 92A 5UE | (05.10.2020)
Подесување
– Завртете го аголниот граничник (6) додека кракот од
аголното мерило не е рамен по целата должина со
сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете го затезниот лост (13).
– Олабавете ја завртката (36) со испорачаниот крстест
одвртувач (12) и подесете го агломерот по должина на
ознаката 0°.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Транспорт
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во
затворена кутија, доколку сакате да ги
транспортирате.
– Секогаш носете го електричниот алат за транспортната
дршка (20).
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
u
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
При екстремни услови на примена, доколку е
u
возможно секогаш користете уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот алат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот алат.
Одржувањето и поправката треба да се изведуваат
u
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот алат.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно
да се движи и да се затвора. Пределот околу
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gcd 12 jl

Tabla de contenido