Обем На Испорака; Фиксна Или Флексибилна Монтажа - Bosch GCD 12 JL Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCD 12 JL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
Пред првата употреба на електричниот алат проверете
дали се испорачани сите делови кои наведени долу:
– Пила за сечење на метал со монтирано сечило за пила
– Клуч со внатрешна шестаголна глава/крстест
одвртувач (12)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика A)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (23).
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
Доколку, во поединечни случаи, не е возможно
електричниот алат да се монтира цврсто на работна
површина, може да ги монтирате ногарките на масата за
сечење (25) на соодветна подлога (на пр. работна клупа,
рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат.
Замена на сечилото за пила (види слики B1–
B4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Активирајте ја блокадата на вретеното (3) само
u
доколку вретеното на алатот е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Bosch Power Tools
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Олабавете ја завртката за прицврстување (26) (околу
2 вртења) со крстест одвртувач (12).
Не ја одвртувајте целосно завртката.
– Олабавете ја завртката за прицврстување (27) (околу
6 вртења) со крстест одвртувач (12).
Не ја одвртувајте целосно завртката.
– Притиснете на лостот за фиксирање (1) и навалете го
осцилаторниот заштитен капак (4) до крај нагоре.
– Потоа повлечете го наназад осцилаторниот заштитен
капак (4) заедно со заштитната плоча (21) од
завртката за прицврстување (27) додека не се задржи
осцилаторниот заштитен капак со болцните-
водилки (28) во држачот (22).
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (29) со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (12) и истовремено притиснете ја
блокадата за вретеното (3), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (3) и
одвртете ја завртката (29) во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница (30).
– Извадете го сечилото за пила (31).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (32).
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот поклопец!
– Поставете ги стезната прирабница (30) и завртката
(29). Притиснете ја блокадата на вретеното (3) додека
не се вклопи и зацврстете ја завртката во правец на
стрелките на часовникот.
– Повторно олабавете ја блокадата на вретеното (3). По
потреба, извлечете го копчето нагоре со рака.
– Притиснете на лостот за фиксирање (1) и повторно
вметнете го осцилаторниот заштитен капак (4) заедно
со заштитната плоча (21) под завртката за
прицврстување (27).
– Полека водете го надолу осцилаторниот заштитен
капак (4) додека сечилото за пила целосно не се
покрие.
Македонски | 237
1 609 92A 5UE | (05.10.2020)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gcd 12 jl

Tabla de contenido