Bosch GCD 12 JL Professional Manual Original página 234

Ocultar thumbs Ver también para GCD 12 JL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
234 | Македонски
Погрижете се деловите за обработка кои се
u
подолги или пошироки од горната страна на масата
да имаат соодветна потпора, на пр. со
продолжетоци за маса или сталаци за сечење.
Деловите за обработка кои се подолги или пошироки
од масата на електричниот алат може да се превртат
ако не се прицврстени. Ако исечено парче метал или
дел за обработка се преврти, може да го крене
долниот заштитен капак или неконтролирано да се
исфрли од ротирачкото сечило.
Не користете друго лице како замена за додаток на
u
масата или како дополнителен држач. Нестабилен
држач за делот што се обработува може да предизвика
зафаќање на сечилото или поместување на делот што
се обработува во текот на сечењето и да ве повлече
вас и помошникот кон ротирачкото сечило.
Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон
u
ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош
на граничниците за должина, исечениот дел може да
се заглави на сечилото и силно да се отфрли.
Постојано користете стега или прицврстувач
u
правилно дизајниран за држење на тркалезен
материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките
се склони кон вртење додека се сечат и
предизвикуваат сечилото да го засекува и влече делот
со вашата рака кон сечилото.
Оставете сечилото да достигне целосна брзина
u
пред да го допре делот што се обработува. Со ова ќе
се намали ризикот делот што се обработува да биде
отфрлен.
Ако делот за обработка се заглави или сечилото се
u
блокира, исклучете го електричниот алат.
Почекајте додека сите делови кои се движат не се
смират, извадете го мрежниот приклучок и/или
извадете ја батеријата. Потоа отстранете го
заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете
при такво блокирање, може да дојде до губење на
контролата или оштетување на електричниот алат.
Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го
u
копчето, држете ја главата на пилата надолу и
почекајте сечилото да застане пред да го извадите
исечениот дел. Приближување на раката до сечило
кое сè уште врти е опасно.
Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен
u
засек или кога го ослободувате копчето пред
пилата да биде ставена во целосна надолна
позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика
главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу
и да предизвика опасност или повреда.
Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
u
сечењето и сл. од полето за сечење, додека е
вклучен електричниот алат. Најпрво ставете ја
рачката на алатот во позиција на мирување и потоа
исклучете го електричниот алат.
Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
u
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
1 609 92A 5UE | (05.10.2020)
Одржувајте ја чистотата на работното место.
u
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
Не користете листови за пила од високо легиран
u
брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
u
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични алати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во
безбедноста на електричниот алат.
Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени
u
листови за пила. Листовите на пилата со тапи или
неправилни запци, заради претесниот резен
процеп, предизвикуваат зголемено триење и
заглавување на листот на пилата или повратен
удар.
Секогаш користете сечила со точна големина и
u
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупките. Сечилата што не се совпаѓаат со
монтираниот тврд дел на пилата, ќе се поместат
надвор од центарот и ќе изгубите контрола.
Проверете дали заштитната хауба може правилно
u
да функционира и дали може слободно да се
движи. Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во
отворена состојба.
Одржувајте го подот чист, без метални струготини и
u
остатоци од материјал. Може да се лизнете или да се
сопнете.
Користете го електричниот алат само доколку на
u
работната површина до делот што се обработува
нема алати за подесување, метални струготини итн.
Малите метални парчиња или другите предмети, кои
доаѓаат во контакт со ротирачкото сечило за пила,
може да летнат кон корисникот со голема брзина.
Не го оставајте настрана алатот, доколку не е
u
целосно во состојба на мирување. Електричните
алати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Сечилото за пила водете кон делот што се
u
обработува само при вклучена пила. Инаку постои
опасност од повратен удар, доколку сечилото за пила
се заглави во делот што се обработува.
Не ставајте ништо на електричниот алат. Може да
u
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
алат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
Користете го електричниот алат само за сечење во
u
суви материјали. Навлегувањето на вода во
електричниот алат го зголемува ризикот од електричен
удар.
Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
u
електричниот алат.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gcd 12 jl

Tabla de contenido