Ставање Во Употреба; Менување На Главата За Дупчење - Bosch PSB Universal Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
OBJ_BUCH-2936-001.book Page 135 Monday, December 19, 2016 2:52 PM
Замена на алатот
Брзозатезна глава за дупчење (PSB Universal)
(види слика C)
 Притиснете го копчето за фиксирање на вретеното 2
само доколку електричниот алат е во состојба на
мирување.
Со притискање на копчето за фиксирање на вретеното 2
вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова овозможува
брзо, лесно и едноставно менување на алатот за
вметнување во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатезната глава за дупчење 1 со вртење
во правец , додека не се стави алатот. Вметнете го
алатот.
Чаурата на брзозатезната глава 1 свртете ја цврсто ја во
правец , додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата
автоматски се заклучува.
Блокадата повторно ќе се олабави, ако при притиснато
копче за фиксирање на вретеното ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Брзозатезна глава за дупчење (PSB Universal
(види слика D)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 6 не е
притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот
што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатезната глава за дупчење 1 со вртење
во правец , додека не се стави алатот. Вметнете го
алатот.
Чаурата на брзозатезната глава 1 свртете ја цврсто ја во
правец , додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата
автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот 15 секогаш
треба да користите универзален држач за битови 14.
Користете само битови што се соодветни на главата за
зашрафување.
Поставувајте го прекинувачот 3 „Дупчење/ударно
дупчење" секогаш на ознаката „Дупчење", доколку
одвртувате.
Менување на главата за дупчење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Bosch Power Tools
Демонтирање на главата за дупчење (види слика E)
Демонтирајте ја помошната рачка 10.
Ставете една челична чивија Ø 4 мм со околу 50 мм
должина во дупката на грлото од вретеното, за да го
блокирате вретеното за дупчење.
Клучот со внатрешна шестаголна глава 16 со кратко
вратило зацврстете го во брзозатезната глава за дупчење 1.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот алат
и олабавете ја брзозатезната глава за дупчење 1 со
вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава 16 во
правец . Доколку брзозатезната глава за дупчење е јако
зацврстена, ќе ја олабавите со лесен удар на долгото
вретено на клучот со внатрешна шестаголна глава 16.
Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од
брзозатезната глава за дупчење и целосно зацврстете ја
брзозатезната глава за дупчење.
Монтирање на главата за дупчење (види слика F)
Монтажата на брзозатезната глава за дупчење ќе ја
извршите по обратен редослед.
 По извршената монтажа на главата за дупчење,
повторно извадете ја челичната чивија од дупката.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена со
вртежен момент со затегање од 30–35 Nm.
Употреба
Ставање во употреба
+
)
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Поставете го правецот на вртење (види слика G)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 4
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 4 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 4 на десно до крај.
Подесување на начинот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот 3 на ознаката
„Дупчење".
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот 3 на ознаката
„Ударно дупчење".
Прекинувачот 3 ќе се вклопи и може да се активира и
додека работи моторот.
Македонски | 135
1 609 92A 2LY | (19.12.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Psb universal+

Tabla de contenido