OBJ_BUCH-2092-002.book Page 158 Thursday, February 23, 2017 11:46 AM
158 | Македонски
Пневматскиот уред не смее да се модифицира.
Промените може да ја намалат делотворноста на
сигурносните мерки и да го зголемат ризикот за
корисниците.
Сервис
Поправката на Вашиот пневматски алат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на пневматскиот алат.
Безбедносни упатства за електропневматски
чекани за дупчење
Проверете дали е читлива спецификационата
плочка. Доколку не е, заменете ја кај производителот.
Доколку се скрши делот што се обработува или еден
од деловите на опремата или пак пневматскиот
уред, деловите може да излетаат со голема брзина.
При користење како и поправки или одржување,
како и при размена на делови од опремата на
пневматскиот алат секогаш треба да носите заштита
за очите отпорна на удари. Степенот на потребната
заштита треба да се процени посебно за секоја
поединечна примена.
Носете заштитен шлем, доколку работите на
плафон. На дој начин ќе ги избегнете повредите.
Користете го пневматскиот алат само доколку
длетото е обезбедено од испаѓање. Инаку алатот за
вметнување може да се исфрли.
Истрошените, свитканите или скршените делови на
прифатот за алат мора да се заменат. На тој начин ќе
ги избегнете повредите.
Поставете го пневматскиот алат на подготвената
површина, пред да го вклучите.
Корисниците и персоналот за одржување мора да
бидат физички подготвени за да може да ја
поднесат големината, тежината и јачината на
пневматскиот алат.
Бидете подготвени на неочекувани движења на
пневматскиот алат, кои може да настанат како
последица од реакциската сила или кршењето на
алатот што се вметнува. Држете го пневматскиот
алат цврсто и застанете со телото и рацете во
позиција во која ќе може да ги задржите овие
движења. Со почитување на овие мерки за
предупредување може да се избегнат повреди.
Внимание! Алатите што се вметнуваат може да се
вжештат при подолга употреба на пневматскиот
алат. Користете заштитни ракавици.
При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
1 609 92A 33X | (23.2.17)
При користењето на пневматскиот алат, на
корисникот при работењето може да му се појави
непријатно чувство во дланките, рацете, рамената,
грлото или на други делови од телото.
Додека работите со овој пневматски алат, застанете
во удобна позиција, внимавајте на држењето и
избегнувајте неповолни позиции или позиции во кои
е тешко да држите рамнотежа. За време на
долготрајна работа, корисникот треба повремено да
го промени држењето на телото, што може да
помогне при избегнувањето на непријатности и
уморување.
Доколку на корисникот му се појават симптоми како
на пр. трајна слабост, тегоби, болка, боцкање,
глувост, жештина или вкочанетост, овие
предупредувачки знаци не треба да се игнорираат.
Корисникот на алатот треба овие знаци да му ги
соопшти на работодавецот или да се консултира со
стручно медицинско лице.
Никогаш не го користете длетото како рачен алат.
Длетата се алати третирани со топлина и би можеле да
се скршат.
Користете само остри длета. Тапите алати за
вметнување може да предизвикаат јаки осцилации и да
се скршат заради истрошеност.
Никогаш не ги ладете жешките делови од опремата
во вода. Ова може да доведе до кршливост и
предвремено откажување.
Никогаш не го користете длетото како лост. Би
можело да се скрши.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
Избегнувајте контакт со кабли под напон.
Пневматскиот алат не е изолиран, и контактот со кабел
под напон може да доведе до електричен удар.
Правта што настанува при
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
шмирглање, пилење,
брусење, дупчење и слични дејности може да делува
канцерогено, да ја намали плодноста или да делува
мутагено. Некои од супстанците што ги содржат овие
честички прав се:
–
олово во боите и лаковите што содржат олово;
–
кристален кварц во цигли, цемент и други градежни
материјали;
–
арсен и хромат во хемиски обработуваното дрво.
Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте
изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста,
треба да работите само во добро проветрени простории
со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално
конструирани уреди за заштита при дишење кои ги
филтрираат и најситните честички прав).
Bosch Power Tools