OBJ_BUCH-2092-002.book Page 162 Thursday, February 23, 2017 11:46 AM
162 | Македонски
– Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат
ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата
не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата
глава за дупчење.
Вадење на запчестата глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување 3 наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење 15.
Замена на алатот
Капакот за заштита од прав 2 го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав 2 е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика E)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно без користење на дополнителни алати да го
замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот што се вметнува може слободно да се
маневрира, условено од системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Извадете го SDS-max алатот за вметнување
(види слика F)
– Турнете ја чаурата за заклучување 3 наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење 15 (види „Замена
на запчестата глава за дупчење", страна 161).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 15
додека не се отвори за да може да се стави алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 15
и затегнете го алатот.
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 15 со
помош на клучот за затегање на главата за дупчење во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се извади алатот за вметнување.
1 609 92A 33X | (23.2.17)
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 5 бари (72,5 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
Подесување на начинот на работа
Со прекинувачот за запирање на ударното вретено 5 го
бирате начинот на работа на пневматскиот алат.
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку
пневматскиот алат е исклучен! Инаку пневматскиот алат
може да се оштети.
– Свртете го прекинувачот за запирање на ударното
вретено 5 во саканата позиција.
0
Позиција за Дупчење без удари
во дрво, метал, керамика и
пластика како и за
зашрафување/одвртување
I
0
Позиција за Длетување
I
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
– За вклучување на пневматскиот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6 и држете
го притиснат за време на работниот процес.
– За Исклучување на пневматскиот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6.
Совети при работењето
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Подесување на граничникот за длабочина
(види слика G)
Со граничникот за длабочина 11 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 4 на дополнителната
дршка 10.
– Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен,
да одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина X.
– Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
Bosch Power Tools