Bosch 0 607 557 501 Manual Original página 161

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
OBJ_BUCH-2092-002.book Page 161 Thursday, February 23, 2017 11:46 AM
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ECS,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ECS
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Дополнителна дршка (види слика A)
Од безбедносни причини, пневматскиот алат смее да се
користи само со монтирана дополнителна дршка 10.
Дополнителната дршка 10 може да ја вртите по желба, за
да си овозможите безбедна и неуморна работа.
– Вртете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка 4 во правец спротивен на
стрелките од часовникот и свртете ја дополнителната
дршка 10 во саканата позиција. Потоа свртете ја
пеперутка-завртката 4 повторно во правец на
стрелките на часовникот.
Воздуховод
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
– Одвртете го придушувачот на излезот за воздух 8, и
заменете го со спојница за црево 9.
– Олабавете го држачот за 12 цревото за одвод на воздух
, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 9, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Приклучок на напојувањето со воздух
(види слика B)
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 5 бари (72,5 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Bosch Power Tools
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат
– Зашрафете спојница за црево 9 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 7.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 9 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 7 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
– Олабавете ги држачите за 12 цревото за довод на
воздух 13, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 9, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување (длетување само со
опрема MV 200) потребен ви е SDS-plus-алат, што ќе се
вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика
како и за заштафување/одвртување се користат алати без
SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење
одн. запчеста глава за дупчење.
Замена на запчестата глава за дупчење
За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна
глава за дупчење, опрема).
Монтирање на запчестата глава за дупчење
(види слика C)
– Зашрафете го SDS-plus-вратилото за прифат 16 во
запчестата глава за дупчење 15. Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење 15 со сигурносна завртка
14. Внимавајте сигурносната завртка да има лев
навој.
Вметнување на запчестата глава за дупчење
(види слика D)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
1 609 92A 33X | (23.2.17)
Македонски | 161

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido