П Р Е Д У П Р Е Д У ВА Њ Е
Спектрофотометарот не смее да се користи во опасни опкружувања.
Производителот и неговите снабдувачи се оградуваат од каква било јасна
или индиректна одговорност во однос на активностите со висок ризик.
Следете ги следните безбедносни информации, заедно со
локалните важечки упатства.
Безбедносни информации за правилна употреба на инструментот:
•
Немојте да го користите инструментот во болници или слични
институции во близина на медицинска опрема, како што се
пејсмејкери или слушни апарати.
•
Немојте да ракувате со инструментот во близина на запаливи
супстанци, како што се горива, лесно запаливи хемикалии и
експлозиви.
•
Немојте да ракувате со инструментот во близина на запаливи
гасови, пареа или прав.
•
Не го изложувајте инструментот на вибрации и на потреси.
•
Инструментот може да предизвика пречки ако се користи во
непосредна близина на телевизори, радија и компјутери.
•
Немојте да го отворате инструментот.
•
Гаранцијата се поништува доколку инструментот не се користи
правилно.
Хемиска и биолошка безбедност
О П А С Н О С Т
Потенцијална опасност при контакт со хемиски/биолошки материи.
Работењето со хемиски мостри, стандарди и реагенси може да биде опасно.
Запознајте се со основните безбедносни процедури и правилното ракување
на хемикалиите пред да работите со инструментот и прочитајте ги и следете
ги сите релевантни безбедносни информации.
Нормалното работење со овој инструмент може да вклучува
користење на опасни хемикалии или биолошки штетни мостри.
•
Пред да ракувате со овие материи, разгледајте ги сите
информации за претпазливост отпечатени на контејнерите
на оригиналниот раствор и листот со безбедносни податоци.
•
Фрлете ги сите искористени раствори во согласност со
националните прописи и закони.
•
Изберете го типот на заштитна опрема во согласност со
концентрацијата и квантитетот на опасната материја на
соодветното работно место.
Преглед на производот
DR 3900 е VIS спектрофотометар со опсег на бранова должина од
320 до 1100 nm. Инструментот се испорачува со целосна серија на
апликативни програми и поддржува неколку јазици.
Спектрофотометарот DR 3900 ги содржи следните програми и
режими на работа:
•
Stored programs (Складирани програми) (однапред инсталирани
тестови)
•
Barcode Programs (Баркод програми)
•
User Programs (Кориснички програми)
•
Favorites (Омилено)
•
Single Wavelength (Една бранова должина)
•
Multi Wavelength (Повеќе бранови должини)
•
Wavelength Scan (Скенирање бранова должина)
•
Time course (Временски тек)
Спектрофотометарот DR 3900 овозможува дигитални исчитувања
во единици на директна концентрација, апсорбанца или процент на
трансмитанца.
При селектирање на кориснички или програмиран метод, менијата
и пораките го насочуваат корисникот низ тестот.
Исто така, преку овој систем на менија може да направите
извештаи, статистички процени на создадените криви за
калибрирање и дијагностички проверки на инструментот.
Англиски 245