Samsung SM-R180 Manual Del Usuario página 461

Ocultar thumbs Ver también para SM-R180:
Tabla de contenido

Publicidad

Ако некој дел од уредот се скрши, чади или мириса
како запален, веднаш престанете да го користите
уредот. Користете го уредот само откако бил
поправен во сервисен центар на Samsung
• Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите
раце и лице.
• Кога уредот чади или мириса како запален, тоа може
да има како последица експлозија на батеријата или
пожар.
Придржувајте се кон сите безбедносни
предупредувања и прописи коишто се однесуваат на
употребата на Вашиот уред додека возите
Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното
управување со возилото. Никогаш не користете го
Вашиот уред додека возите, ако тоа е забрането со
закон. За Вашата безбедност и безбедноста на другите,
користете го Вашиот здрав разум и запомнете ги
следниве совети:
• Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен.
Осигурете се дека имате пристап до Вашиот безжичен
уред без да го оттргнете погледот од патот.
• Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни
временски услови. Дожд, лапавица, снег, мраз и густ
сообраќај може да бидат опасни.
• Не снимајте гласовни белешки. Снимањето гласовни
белешки додека возите Ви го одзема вниманието од
Вашата главна одговорност - безбедното возење.
• Одговарајте на дојдовни повици разумно и проценете
го сообраќајот. Одговарајте на дојдовни повици
кога не сте во движење или пред да се вклучите во
сообраќајот. Обидете се да ги планирате Вашите
повици кога не сте во движење.
Македонски
460

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido