Bosch PBD 40 Manual Original página 185

Ocultar thumbs Ver también para PBD 40:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано
u
одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
Облечете се соодветно. Не носете широка облека и
u
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
делови.
Ако се користат поврзани уреди за вадење
u
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
Не дозволувајте искуството стекнато со честа
u
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
Не го преоптоварувајте електричниот алат.
u
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
Не користете електричен алат ако не можете да го
u
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или
u
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати и дополнителна
u
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
Bosch Power Tools
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни предупредувања за дупчалка
Дупчалката мора да биде прицврстена.Доколку
u
дупчалката не е соодветно прицврстена, тогаш може
да се помести или да се навали, и да предизвика
повреда.
Делот што се обработува мора да биде прицврстен
u
за површината на која е поставен. Не дупчете
делови коишто се премногу мали за да се
прицврстат. Доколку го држите делот што се
обработува со рака за време на дупчењето, може да
предизвика повреда.
Не носете ракавици. Ракавиците може да се
u
заплеткаат во ротирачките делови или струготини, и да
предизвикаат повреда.
Држете ги рацете подалеку од дупчалката за време
u
на нејзината работа. Контактот со ротирачките
делови или струготини, може да предизвика повреда.
Уверете се дека дополнителната опрема ротира
u
пред да ја вметнете во парчето што се обработува.
Во спротивно, дополнителната опрема може да се
заглави во делот што се обработува, и да предизвика
ненадејно придвижување на делот, што може да
резултира со повреда.
Кога дополнителната опрема е заглавена,
u
престанете со притискање надолу, и исклучете го
алатот. Извршете проверки и поправки за да ја
елиминирате причината за заглавување.
Заглавувањето може да предизвика ненадејно
придвижување на делот што се обработува, што може
да резултира со повреда.
Не сечете долги парчиња со редовно прекинување
u
на надолниот притисок. Острите метални парчиња
може да предизвикаат заплеткување и лични повреди.
Никогаш не ги отстранувајте струготините од
u
дупчалката за време на нејзината работа. За
отстранување на струготините, извадете ја
дополнителната опрема од делот што се
обработува, исклучете го алатот, и почекајте да
престане да се движи. Користете алати, како на пр.
четки или кука за да ги отстраните струготините.
Контактот со ротирачките делови или струготини,
може да предизвика повреда.
Македонски | 185
1 609 92A 4N5 | (25.09.2020)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido