Оштетениот прибор обично ќе се скрши во текот
на ова тестирање.
h. Носете опрема за лична заштита. Во зависност
од уредот, користете заштита за лицето, заштита
за очите или заштитни очила. Ако е потребно,
носете маска против прашина, заштита за ушите,
ракавици и работна престилка која може да
заштити од мали честички или отпадоци од
брусење. Заштитата за очи мора да штити
од разлетаните честички кои настануваат при
различни операции. Маската за прашина или
респираторната маска мора да бидат во можност
да заштитат од разлетаните честички кои
настануваат при Вашето работење. Доколку
подолготрајно сте изложени на висока бучава,
тоа може да предизвика губење на слухот.
i.
Лицата кои се наоѓаат во близина нека стојат на
доволна оддалеченост од работниот простор.
Лицата што ќе останат во Вашиот работен
простор мора да носат опрема за лична
заштита. Честички од работниот предмет или од
скршениот прибор можат да летаат наоколу и
да предизвикаат повреда надвор од непосредниот
работен простор.
j.
Електричниот алат држете го само за делови
кога извршувате работи при кои алатот за
сечење може да дојде во контакт со скриени
електрични водови или со сопствениот мрежен
кабел. Опремата за сечење која ќе дојде во
допир со жица под напон, може да предизвика
изложените метални делови од електричниот
алат да дојдат под напон и да предизвика
електричен шок за операторот.
k. Алатот секогаш држете го цврсто во рацете при
стартувањето. Реакцијата на вртежниот момент
на моторот, додека се забрзува до полна брзина,
може да предизвика алатката да се изврти.
l.
Секогаш кога е можно, користете штипалки за да
го прицврстите обработуваното парче. Никогаш
не држете мало обработувано парче во едната
рака, а алатот во другата, додека е во употреба.
Ако го прицврстите малото обработувано парче,
тоа ќе Ви овозможи да ги користите рацете
за да ја контролирате алатката. Тркалезниот
материјал, како што се шипки со типли или
цевки имаат тенденција да се виткаат додека ги
сечете, па може да предизвикаат бургијата да се
извитка или да искокне кон Вас.
m. Кабелот држете го настрана од приборот кој се
ротира. Ако изгубите контрола, кабелот може
да се пресече или да се заплетка, а ротациониот
прибор може да Ви ја повлече дланката или
раката.
n. Никогаш не спуштајте го електричниот алат
додека движењето на приборот целосно не
запре. Ротирачкиот прибор може да ја зафати
површината на која го одлагате, а Вие да
изгубите контрола над електричниот алат.
o. Откако ќе смените бургија или ќе направите
било какво дотерување, проверете дали
стезната чаура стезната глава или кој и да е
друг дел за подесување е безбедно прицврстен.
Лабавите делови за подесување можат
неочекувано да се слизнат и да предизвикуваат
губење на контролата, а слободно ротирачките
компоненти сосила ќе бидат исфрлени.
p. Никогаш не вклучувајте го електричниот алат
додека го носите. Случајниот контакт со
ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати
облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви
се зарие во телото.
q. Редовно чистете ги отворите за вентилација
на Вашиот електричен алат. Вентилаторот
на моторот ја привлекува прашината во
внатрешноста на куќиштето, и прекумерното
насобирање на метален прав може да предизвика
електрична опасност.
r.
Немојте да ракувате со електричниот алат во
близина на запалливи материи. Искрите би
можеле да ги запалат тие материјали.
s. Немојте да користите прибор кој изискува течни
средства за ладење. Користењето вода или
други течности за ладење може да предизвика
електричен шок.
ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ
ПРЕДУПРЕДУВAЊА
Повратниот удар е ненадејна реакција поради
блокирана или заглавена брусна плоча, брусна
лента, четка или некој друг прибор. Заглавувањето
или блокирањето предизвикува брзо придушување
на ротирачкиот прибор кое, пак, предизвикува
неконтролираната електрична алатка да биде
присилена во правец спротивен од правецот на вртење
на приборот.
На пример, ако брусната плоча се блокира или заглави
во некое работно парче, работ на брусната плоча која
се заглавила во работното парче може да се зарие во
површината на материјалот и да предизвика испаѓање
на плочата или повратен удар. Брусната плоча може
да отскокне кон или одкај лицето кое ракува со алатот,
зависно од правецот на вртење на брусната плоча на
местото на блокирање. Брусната плоча може и да се
искрши под вакви околности.
Повратниот удар е последица на погрешна употреба
на електричниот алат и/или неисправно работење
или услови, и може да се избегне ако се преземат
соодветните долунаведени мерки на претпазливост.
a. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето
тело нека биде во положба во која е во состојба
да им се спротивстави на силите на повратниот
удар. Оператерот може да го контролира
повратниот удар доколку се преземат исправни
мерки на претпазливост.
b. Бидете посебно внимателни кога работите на
агли, остри рабови и сл. Избегнувајте одбивање
или блокирање на приборот. Аглите, острите
рабови или одбивањето на приборот доведуваат
до блокирање на ротациониот прибор и тоа
може да предизвика губење на контролата или
повратен удар.
c. Немојте да приклучувате лист од назабена
пила. Таквите продолжетоци честопати
предизвикуваат повратен удар и доведуваат до
губење на контролата.
d. Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во
истиот правец како остриот крај кој излегува
од материјалот (кое е во истиот правец во кој
паѓаат отпадните иверки). Ако алатот врти во
погрешен правец, тоа ќе предизвика остриот крај
од бургијата да излезе од работа и ќе го повлече
алатот во овој правец.
e. Кога користите ротациона пила, шајбни за
сечење, високобрзински секачи или секачи од
волфрам и тврд метал, обработуваното парче
секогаш нека биде безбедно прицврстено. Овие
шајбни ќе се заглават ако се ставени лабаво
во жлебот и може да има повратен удар. Ако
шајбната за сечење се заглави, самата шајбна
обично ќе се скрши. Кога ротациската турпија,
високобрзинскиот секач или секачот од волфрам
или од тврд метал ќе се заглават, тие можат да
испаднат од жлебот, а Вие може да ја изгубите
контролата над алатката.
183