БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО
БРУСЕЊЕТО И АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ
a. Користете само шајбни кои се препорачани за
Вашиот електричен алат и само за препорачани
намени. На пример: немојте да брусите со
бочната страна од брусната плоча. Абразивните
плочи за сечење се предвидени за периферно
брусење, а бочната примена на сила врз брусната
плоча може да предизвика тие да се се скршат.
b. За навојни абразивни конуси и приклучоци
користете само неоштетени шајбни со осовинки
со необработени прирабници кои се со исправна
големина и должина. Исправните осовинки ќе ја
намалат можноста за кршење.
c. Избегнувајте да ја заглавувате плочата за
сечење или да применувате премногу голем
притисок. Не обидувајте се да правите премногу
длабоко сечење. Преоптоварувањето на
брусната плоча го зголемува напрегањето и
уште повеќе ја искривува или блокира плочата,
како и можноста за повратен удар или кршење на
плочата.
d. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред
или зад ротирачката шајбна плоча. Ако плочата
на местото на работење се движи од Вашето
тело нанапред, во случај на повратен удар,
електричниот алат со ротирачката шајбна може
да отскокне директно кон Вас.
e. Ако брусната плоча се заглави и иако од
било која причина престанете со работата,
исклучете го алатот и држете го мирно сè додека
брусната плоча целосно не се смири. Никогаш
не обидувајте се да ја извадите плочата за
сечење од работното парче додека брусната
плоча сè уште се врти, бидејќи во спротивно
може да дојде до повратен удар. Проверете и
отстранете ја причината за заглавување или
блокирање на шајбната.
f.
Немојте повторно да го вклучувате алатот за
сечење додека тој се наоѓа во работното парче.
Брусната плоча нека ја достигне својата полна
брзина и потоа внимателно продолжете со
сечењето. Брусната плоча може да се заглави,
да отскокне или да предизвика повратен удар
доколку алатот повторно се вклучи додека е на
работното парче.
g. Потпрете ги плочите или големите работни
парчиња за да го намалите ризикот од
блокирање на брусната плоча и од повратен
удар. Големите работни парчиња можат да се
свиткаат под својата сопствена тежина. Мора
да се стават потпирки под работното парче во
близина на работ на работното парче од двете
страни на брусната плоча.
h. Бидете посебно претпазливи кога правите
засечување во веќе постоечките ѕидови или во
некои други непрегледни подрачја. Плочите за
сечење можат да ги пресечат гасоводните или
водоводните цевки, електричните инсталации
или некои други предмети и така да предизвикаат
повратен удар.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО
ЖИЧЕНИТЕ ЧЕТКИ
a. Имајте предвид дека жичените четки и во текот
на вообичаената употреба губат парчиња од
жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со
прекумерно притискање врз четката. Парченцата
од жица можат лесно да продрат низ тенката
облека и/или да продрат до кожата.
b. Дозволете ù на четкичката да работи со работна
брзина барем една минута пред да ја користите.
За ова време, никој не треба да стои пред или
покрај четкичката. При ова воведно стартување,
ќе бидат исфрлени лабавите влакна или жички.
c. Отпадоците од ротирачката жичена четка
насочете ги спротивно од Вас. Малите
честички и ситните делчиња од жицата може
да бидат исфрлени под голема брзина за време
на употребата на овие четки и може да Ви се
забоднат во кожата.
d. Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога
користите жичени четки
НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО
!
СОДРЖАТ АЗБЕСТ 2)(азбестот се смета за
канцероген)
ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ
!
НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е
ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛИВА ИЛИ
ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за
канцерогени); носете заштитна маска против прашина
и користете правосмукалка/смукалка за отпадоци, ако
може да се приклучи
СПЕЦИФИКАЦИИ
Број на моделот . . . . . . . . . . . .3000
Влезна моќност . . . . . . . . . . . . .130 W
Напон . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .230 V, 50 Hz
Брзина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .33.000/min
Капацитет на стезната чаура . . 3,2 mm
Макс. прибор ∅ . . . . . . . . . . . . .38,1 mm
Тежина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .0,5 kg
Број на моделот . . . . . . . . . . . .4000
Влезна моќност . . . . . . . . . . . . .175 W
Напон . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .230-240 V, 50-60 Hz
Брзина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .35.000/min
Капацитет на стезната чаура . . 3,2 mm
Макс. прибор ∅ . . . . . . . . . . . . .38,1 mm
Тежина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .0,6 kg
Број на моделот . . . . . . . . . . . .4250
Влезна моќност . . . . . . . . . . . . .175 W
Напон . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .220-240 V, 50-60 Hz
Брзина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .35.000/min
Капацитет на стезната чаура . . 3,2 mm
Макс. прибор ∅ . . . . . . . . . . . . .38,1 mm
Тежина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .0,6 kg
Број на моделот . . . . . . . . . . . .4300
Влезна моќност . . . . . . . . . . . . .175 W
Напон . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .220-240 V, 50-60 Hz
Брзина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .35.000/min
Капацитет на стезната чаура . . 0,8-3,4 mm
Макс. прибор ∅ . . . . . . . . . . . . .38,1 mm
Тежина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .0,6 kg
Користете потполно одмотани и сигурни
продолжени кабли со капацитет од 5 ампера.
Секогаш проверете дали напонот е ист како напонот
што е наведен на плочката од алатот.
ОПШТО
A. Навртка на стезната чаура
B. Стезна чаура
C. Капаче за врвот (EZ Twist со интегриран клуч*)
D. Копче за блокирање на осовината
184
7