Skil 4600 Manual Original página 95

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
e) Не ги преценувајте своите способности.
Завземете сигурен и стабилен став и во секој
момент одржувајте рамнотежа. На тој начин
можете подобро да го контролирате уредот во
неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата, облеката и
ракавиците држете ги подалеку од деловите
кои се движат. Комотната облека, накитот или
долгата коса може да бидат фатени во деловите кои
се движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за
вшмукување и фаќање прашина, проверете
дали се вклучени и дали можат исправно да се
користат. Примената на овие направи ја намалува
опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во
наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Извлечете го штекерот од приклучокот пред
извршување на било какви подесувања на
апаратот, замена на приборот или складирање.
Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го
користите од допирот на децата. Не допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Електричните алати се опасни доколку со
нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте
контрола околу тоа дали движечките делови
на уредот работат беспрекорно и дали не се
заглавени, дали деловите се скршени или
оштетени до таа мерка што не може да се
обезбеди функционирање на уредот. Пред
примената, овие оштетени делови треба да
се поправат. Причина за многу незгоди е лошо
одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со
остри очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив
работата ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ
Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно
лице
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Овој алат не треба да го користат лица под 16
години
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали,
може да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Не користете тапо или оштетено сечило
(кривите сечила лесно може да се скршат или да
предизвикаат повратен удар)
ПРЕД УПОТРЕБА
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не
отворајте ја машината сами
Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете
ги пред да почнете со работа
Користете стеги или друга опрема за да
го зацврстите материјалот (држењето на
материјалот во вашата рака или спроти вашето
тело, може да доведе до губење на контрола)
Користете соодветни детектори за наоѓање
на скриени инсталации или повикајте
соодветна компанија за помош (контактот со
електричните линии може да доведе до струен
удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да
резултира со експлозија; пенетрирање во водоводна
инсталација може да доведе до оштета на предмети
или електричен удар)
95

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido