Skil 4600 Manual Original página 96

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Нивото на бучава додека работите може да
изнесува повеќе од 85 dB(A); носете заштита за
ушите
Носете очила кога работете со материјали што
создаваат струготини
Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите
на алатот кои се движат; кабелот држете го на
задната страна, на страна од алатот
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
Држете го алатот за изолираните површини
за зафаќање кога извршувате работа при која
што дополнителната опрема за сечење може
да дојде во контакт со сокриените жици или со
кабелот (ако дополнителната опрема за сечење
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
Држете ги рацете подалеку од површината за
сечење и сечилото; држете ја другата рака на
предната страна w a / кружната дршка H w b
(доколку со двете раце ја држите пилата, тие не
можат да се исечат од сечилото)
Никогаш не држете го материјалот кој се сече
во вашите раце или преку вашата нога (битно
е да се зацврсти обработката соодветно, за да се
намали изложеноста на телото, заглавувањето на
сечилото или губењето на контрола)
Не посегнувајте под материјалот кој го
обработувате (близината на сечилото до вашата
рака во тој случај нема да ви биде видлива)
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го
од приклучокот
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
Кога го користите на отворено, поврзете го алатот
преку осигурувач за струја (FI) за погрешно
напојување во струја за прекинување со максимум
30 mA и користете продолжен кабел којшто е
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ПО УПОТРЕБА
Користете заштитни ракавици кога го
отстранувате сечилото од алатот (сечилото на
пилата може да се загрее по подолга употреба)
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете
го моторот и проверете дали сите подвижни делови
се застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Алатката ги користи најчесто достапните убодни
пили за закривени засеци со Т-форма и U-форма,
како и стандардните праволиниски убодни пили
6 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
Вклучено/Исклучено 7
Блокирање на прекинувачот за постојана употреба
8
Промена на сечивото 9
! извлечете го приклучокот ако кабелот
Работа со алатот
! зацврстете го материјалот кој го обработувате
- цврсто држете ја машината со двете раце за да
имате постојано целосна контрола врз неа
- пред да го вклучите моторот проверете дали
предниот дел на работната плоча е поставен
рамно на работното место
- вклучете го алатот
! алатот треба да работи во полна брзина, пред
сечилото да ја допре обработката
- плочата на основата D 2 , држете ја цврсто спроти
обработката, за да се намалат вибрациите од
повратната сила
! пред да го подигнете електричниот алат од
местото каде се работи, проверете дали е
дојдено до целосен прекин на работата на
сечилото
Отпрашувач q
Држење и насочување на алатот
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја w
- отворите за ладење E 2 држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
УПОТРЕБА НА АЛАТКАТА КАКО ПРАВОЛИНИСКА
УБОДНА ПИЛА e
- лизнете го копчето F нанапред за да ја ослободите
рачката G
- повлечете ја рачката G нагоре додека не кликне
и се заклучи
- уфрлете го сечивото до полна длабочина со
запците свртени наназад
- осигурајте се сечилото на пилата да се протега низ
обработката за време на движењата
- не правете првичен отвор со пилата
УПОТРЕБА НА АЛАТКАТА КАКО УБОДНА ПИЛА
ЗА ЗАКРИВЕНИ ЗАСЕЦИ r
- лизнете го копчето F нанапред за да ја ослободите
рачката G
- турнете ја рачката G надолу додека не кликне и
се заклучи
- уфрлете го сечивото до полна длабочина со
запците свртени нанапред
- за кое било прецизно право сечење, поставете го
алатот со работната плоча потпрена на водилка
(на пр. парче право дрво)
- пред да исечете отвор направете дупка
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
Користете соодветни сечила t
! алатката ги користи најчесто достапните
убодни пили за закривени засеци со Т-форма
и U-форма, како и стандардните праволиниски
убодни пили y
Кога сечете метал ставете сечиво подмачкано со
масло
Сечење без поткршени рабови
- прекријте ја линијата на сечењето со повеќеслојни
или широки ленти пред да почнете со сечењето
96

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido