Технички Податоци - Milwaukee M12 FDSS Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 14
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Волтажа на батеријата
Брзина без оптоварување 1/2/3/4
Дијаметар на патеката на лежиштето
Димензии на брусната плоча
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014
(Li-Ion 2,0 Ah ... 6,0 Ah)
Препорачана температура на околината за работа
Препорачани комплети акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени согласно
стандардот EN 62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок / Несигурност К
Ниво на јачина на звук / Несигурност К
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности (векторски збир
на трите насоки) пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност К
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
IУтврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени, упатства, цртежи и податоци, коишто ги добивате
заедно со уредот. Доколку не ги почитувате следните упатства,
може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.Прашината и струготините
не смеат да се одстрануваат додека е машината работи.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Прашината која се крева при
работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа
не го изложувајте го телото. Користете систем за апсорпција на
прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја
целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат
цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Користете исклучиво оригинални Milwaukee шмирглачки и
90
M12 FDSS
Шлајферица-лизгач
4914 26 01 XXXXXX MJJJJ
12 V ⎓
0-8000 / 0-10000 / 0-12000 / 0-14000 min
1,5 mm
88,8 x 63,5 mm
0,76 ... 1,00 kg
-18 ... +50 °C
M12B...
C12C; M12C4; M12-18...
64,69 dB (A) / 3 dB (A)
75,69 dB (A) / 3 dB (A)
4,3 m/s
/ 1,5 m/s
2
полирачки алати со самолепливи велкро врзувачи.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M12 за полнење на батерии од
M12 систем. Не користете батерии од друг систем.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Брусилката може да се користи за брусење дрво, пластика,
метал, филер и обоени површини.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
МАКЕДОНСКИ
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
-1
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
2
прекинувачот, а потоа повторно вклучете. Во случај на
екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење
сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за
полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Општо брусење со орбитални брусилки по случаен избор
Кога се користат орбитални брусилки по случаен избор, треба
да се имаат на ум неколку работи:
• За разлика од повеќето брусилки, орбиталните брусилки по
случаен избор треба да се постават на работниот материјал
ПРЕД да се стартува алатот. Ако брусилката се стартува пред
да се постави на работниот материјал, подлогата што лебди
слободно може да се врти со брзина што може да предизвика
гребнатини кога конечно ќе се постави на работниот
материјал.
• За разлика од повеќето брусилки, орбиталните брусилки
по случаен избор може да се поместуваат по работниот
материјал во која било насока (во случај на дрво, без оглед на
вертикалната насока).
• Променливиот притисок што се применува на брусилката
ќе влијае на нејзината брзина на ротација. За фина работа,
се препорачува лесен притисок, а за груба работа се
препорачува умерен притисок. Прекумерниот притисок не
дозволува доволно ротирање на подлогата.
• Држете ја подлогата за брусење рамна на работниот
материјал. Наведнувањето на брусилката или користењето
на рабовите на подлогата може да предизвика нерамномерна
завршница и да го намали векот на траење на подлогата.
• Држете ја брусилката да се движи во широки и рамни потези
по работниот материјал. Предолгото брусење на едно место
може да предизвика издлабени и нерамномерни резултати.
• Проверувајте го работниот материјал често, орбиталните
брусилки по случаен избор работат поагресивно од
едноставните орбитални брусилки.
1. Поставете ја брусилката на работниот материјал и вклучете ја.
2. Држете ја плочата за брусење рамно на работниот материјал,
држете ја брусилката да се движи по работниот материјал и
користете долги, брзи потези.
3. Започнете со брусење со шмиргла со груби зрна и постепено
користете сè пофини и пофини зрна од шмирглата додека не
се постигне саканата завршница. На пример, кога ја користите
брусилката на дрво, започнете со зрно 80, продолжете со зрно
120, потоа зрно 180 и така натаму.
Отстранување боја или лак
1. Кога отстранувате неколку слоеви боја или лак, отстранувајте
ги колку е можно повеќе со растворувач за боја или
отстранувач на лак.
2. Изгребете ги остатоците со шпакла или друг алат за стругање
и оставете ја површината да се олади и исуши пред да ја
употребите брусилката на работниот материјал.
3. Изберете плоча за шмиргла со груби зрна како помош да се
спречи затнување на шмирглата.
4. Држете ја брусилката да се движи по новите области за да
се избегне загревање и смекнување на старата облога (боја
или лак).
5. Работете во широки потези што се преклопуваат за да се
создаде рамномерна завршница.
6. Како што работниот материјал почнува да се покажува низ
старата облога, префрлете на плоча за шмиргла со средни
зрна за да избегнете гребење на површината на работниот
материјал. Постепено префрлете на шмиргла со фини зрна
додека не се постигне саканата завршница.
ЧИЩЕННЯ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата
кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries
GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
МАКЕДОНСКИ
91

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido