корозивна течност од акумулатор при
употреба кај друг тип на акумулатор.
b) Користете само акумулатори со
спецификации што се предвидени
за вашиот апарат. Употребата на
друг тип на акумулатор може да
создаде ризик од повреда и пожар.
c) Кога акумулаторите не се користат,
треба да се чуваат подалеку од
други метални предмети, како што
се спајалици, монети, клучеви,
клинци, завртки или други
мали метални предмети што би
можеле да предизвикаат краток
спој на контактите. Краток спој на
контактите на акумулаторот може да
доведе до експлозија и пламен.
d) Ако акумулаторот е во лоша состојба,
може да почне да истекува течност
од него. Избегнувајте контакт со
течностите од акумулаторот. Во случај
на ненамерен контакт, исплакнете со
вода. Ако течностите од акумулаторот
дојдат во допир со очите, консултирајте
се со лекар. Истечената течност од
акумулаторот може да предизвика
иритација или изгореници на кожата.
e) Не користете косилка или акумулатор
што се оштетени или изменети.
Оштетените или изменетите акумулатори
можат да покажат несоодветно
однесување што резултира со пожар,
експлозија или ризик од повреда.
f) Не изложувајте ги акумулаторите
или алатот на оган или прекумерни
температури. Изложувањето на
оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете го акумулаторот
надвор од температурниот опсег
наведен во упатствата. Несоодветното
полнење или полнењето на температури
надвор од наведениот опсег може
да ги оштетат акумулаторите и да
го зголемат ризикот од пожар.
h) Не полнете ги акумулаторите на
места каде што има пареа или
запаливи материи или во влажни
простории. Ако не е можно да се
избегнат влажни средини, користете
штекер заштитен со диференцијален
прекинувач (RCD-уред за заштита
од диференцијална струја) за да се
намали ризикот од струјни удари.
i) Чувајте го кабелот за полнење
на акумулаторот подалеку
од дофат на деца.
6) Техничка поддршка
a) Вашиот електричен алат треба
да биде сервисиран од страна на
квалификувано лице со употреба
на идентични резервни делови.
Со ова ќе се одржи безбедноста
на електричниот алат.
b) Не обидувајте се да ги поправите
акумулаторите. Поправките мора
да ги врши производителот или
специјализиран сервисен центар.
3. ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗБЕДНОСТ ЗА КОСИЛКА
СО СЕДИШТЕ
3.1
ОБУКА
• Запознајте се со командите и правилното
користење на косилката. Научете
брзо да ја запирате косилката.
• Да не се дозволи никогаш со
косилката да управуваат деца или
лица кои немаат доволно искуство
со управувањето. Локалните закони
може да предвидат минимална возраст
за управување со косилката.
• Не е дозволено деца или други луѓе
да управуваат со косилката.
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста на други лица или
нивниот имот. Во опсегот на одговорности
на операторот спаѓа и проценката на
можните ризици на теренот каде треба
да се работи и затоа преземете ги сите
неопходни мерки за безбедност за да ја
гарантирате својата, но и безбедноста на
другите особено на закосени, нерамни,
лизгави или нестабилни терени.
• Овој прирачник е составен дел на косилката
и затоа секогаш мора да биде предаден во
случај на привремен или конечен пренос.
3.2 ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ
Лична заштитна опрема (ЛЗО)
• Носете соодветна облека, работни чевли
отпорни на лизгање и долги пантолони.
Не вклучувајте на косилката со боси
нозе или со отворени сандали. Носете
заштитни слушалки за слухот.
• Употребата на акустична заштита ја
намалува можноста да ги слушнете можните
предупредувања (повикување или аларми).
Обрнувајте исклучително внимание на она
што се случува околу областа за работа.
• Не носете марами, наметки, ремени,
бразлетни, облека со лелеави делови
MK - 5