Descargar Imprimir esta página

Skil 3851 Manual Original página 126

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 43
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во вашето работно парче; тргнете ги
пред да почнете со работа
Зацврстете го работното парче (работно парче кое
е зацврстено со стеги или во менгеме е побезбедно
отколку да го држите со раце)
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
Уверете се дека селекторот на насоката на ротација
B 2се наоѓа во средна позиција (заклучено)
пред да почнете да ја подесувате или менувате
дополнителната опрема или кога го носите и
складирате алатот.
Внимавајте на создадените сили кај алатот, за време
на блокадата (особено при дупчење метал); алатот
секогаш да се држи за страничната дршка J и да
се завземе сигурен став
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
ПО УПОТРЕБА
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
БАТЕРИИ
Обезбедената батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата, пред за првпат да го употребите вашиот
електричен алат).
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи, туку веднаш да се замени
Не расклопувајте ја батеријата
Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа -20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Батериите може да експлодираат ако се изложат на
оган, па затоа никако не палете ја батеријата
5 Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на
места со температура пониска од 50°C
6 Не фрлајте ги електричните алати и батериите
заедно со домашниот отпад
УПОТРЕБА
Полнење на батеријата
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Вадење/ставање на батеријата 2
Индикатор за нивото на батеријата 7
- притиснете го копчето G за индикаторот за нивото
на батеријата, за да се прикаже моменталното ниво
на батеријата7a
! ако по притискање на копчето G7b
индикаторот за најниско ниво на батеријата
почне да трепка, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почнат да трепкаат 2 нивоа на
индикаторот за батеријата по притискање на
копчето G7c, тогаш батеријата не е во рамките
на дозволениот опсег за работна температура
Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се
вклучи, кога
- оптоварувањето е преголемо -> отстранете го
оптоварувањето и почнете повторно
- температурата на батеријата не е во рамките
на дозволениот опсег на работна температура
од -20 до +50°C--> 2 нивоа на индикаторот за
ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе
го притиснете копчето G7c; почекајте батеријата
да се врати во рамките на дозволениот опсег на
работна температура
- батеријата е скоро празна (заштита од целосно
празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ќе се прикаже ниско ниво на батеријата
или ќе трепка за ниско ниво на батеријата 7б
кога ќе притиснете на копчето G; наполнете ја
батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот автоматски ќе се исклучи;
батеријата може да се оштети
Промена на насоката на ротација 8
- ако не е правилно поставен во лева/десна
позиција, прекинувачот B 2 нема да може да
стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
Инсталирање и отстранување на деловите 9а и 9б
исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со масло
пред да го вметнете
- вметнете го приборот во SDS+ главата, вртете
ја и туркајте го приборот додека не го затегнете;
приборот сам се затегнува автоматски
- повлечете го приборот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- извадете го приборот, така што ќе ја повлечете
наназад главата за стегање D
! SDS+ приборот бара неограничена слобода на
движењето, која предизвикува ексцентрична
работа со алатот во празен од; за време на
работата, таа сама се центрира; ова нема
влијание врз прецизноста на дупчењето на
отворот
! не употребувајте делови со оштетена дршка
Прекинувач за вклучување/исклучување q и
контрола на брзината w
- брзината се контролира на степени од нула до
126

Publicidad

loading