ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут
високофреквентна моќност
Верзија блутут
Вибрации во минута
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (MXF CP203, MXF XC406)
Флексибилно вратило
Дијаметар на вибрирачката глава
Опсег на далечинското управување
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата:
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носете штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности (векторски збир
на трите насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност K
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во
EN 60745 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со
отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или работи, но
фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и
приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ВНИМАНИЕ!
Прочитајте ги безбедносните напомени и
упатства. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и
инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ВИБРАТОР ЗА БЕТОН
Флексибилно вратило
Избегнувајте остри свиткувања на флексибилното вретено за време на
работата, транспортот и складирањето.
Не користете го флексибилното вратило за да го повлечете моторот.
Не стапнувајте и не возете преку флексибилното вратило.
Вибрирачка глава
Прво спуштете ја вибрирачката глава само кога машината целосно ќе запре.
Не вклучувајте ја вибрирачката глава додека не ја потопите во свежиот
бетон. Во спротивно, може да се прегрее и да се оштети.
Не допирајте ја вибрирачката глава со рацете или други делови од телото
за време на работата.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете
заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита
од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и
заштита за уши.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да биде штетна
по здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Контактот на кожата со бетон, цемент или други додатни материјали може
да предизвика иритација на кожата. Избегнувајте директен контакт со
кожата.
104
MXF CVBC
Вибратор за бетон
4913 35 01 XXXXXX MJJJJ
2402-2480 MHz
1,8 dBm
4.0 BT signal mode
11200 min
-1
8,2...10,3 kg
2,13 m / 4,26 m
39,8 mm / 50,8 mm (1,5" / 2,0")
> 9 m
-18...+50 °C
MXF CP203, MXF XC406
MXFC
90,14 dB(A) / 3 dB(A)
101,14 dB(A) / 3 dB(A)
9,80 m/s
/ 1,5 m/s
2
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат
врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете
ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии, со што ја
штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
За полнење на MFX заменливите батерии се користат само MXF полначи.
Не користете заменливи батерии од други системи.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво
место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон
или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш
со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска ќелиска
батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика сериозни
внатрешни изгореници и да доведе до смрт во што малку како два часа,
ако се проголта или влегува во телото. Секогаш прицврстете го капакот на
батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите уредот,
отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во телото,
веднаш побарајте медицинска помош.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања
или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја
потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полначот
и пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности.
Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
МАКЕДОНСКИ
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вибраторот за бетон е дизајниран за компактирање на свеж бетон.
Вибрирачката глава мора да биде целосно потопена во свежиот бетон.
Кога ракувате со машината, важно е да ги следите сите упатства во ова
упатство за работа, како и упатствата за сервисирање и одржување.
Забрането е поврзување на неовластени компоненти со машината.
Машината не смее да работи без флексибилно вратило и вибрирачка глава.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ПРЕОСТАНАТ РИЗИК
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се исклучат
сите преостанати ризици. При употребата може да настанат следните
опасности, на кои операторот треба особено да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на слухот.
Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици и цврсти
чевли.
• Хемиски изгореници од стврднување на бетон.
• Вдишување токсични прашини.
ONE-KEY™
2
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY на оваа алатка,
Ве молиме прочитајте го упатството за брзо стартување или посетете на
интернет на: www.milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може
да ја симнете на Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето ќе биде
прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја врската рачно.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано светло
Сино трепкачко светло
Црвено трепкачко светло Алатката е заклучена поради безбедност
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Наизменични батерии кои што подолго време не биле употребувани пред
употреба да се наполнат.
Температура над 50°C го намалува учинокот на наизменичната батерија.
Подолго затоплување од сонце или од греење да се избегне.
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба
да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот
да се чува на температура од приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски батерии
При екстремно висок вртежен момент, блокирање или краток спој со
преголема струја вибрира уредот околу 5 секунди, трепка приказот за
батеријата и уредот се ИСКЛУЧУВА. Пуштете го копчето за ослободување,
за да ресетирате.
Под екстремни услови може да се зголеми температурата на батеријата.
Во тој случај трепка приказот за батеријата додека се олади. Ако приказот
не трепка повеќе, уредот е повторно подготвен за работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со
цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
1 Рачка за носење
2 Прицврстување на појасот за носење
3 Батерија
4 Дел за заклучување
5 Капак за заклучување на батеријата
6 Спој за флексибилно вратило
7 Јамка за ремен за задржување
8 Преграда за ONE-KEY батерија
9 Преграда за далечински управувач
10 Копче LED за спарување
11 LED за ладно стартување
12 Индикатор за ONE-KEY
Безжичниот режим е активен и подготвен
за конфигурирање преку апликацијата
13 LED за машина ВКЛУЧЕНА
ONE-KEY™.
14 Прекинувач на далечинско управување
15 Прекинувач на машина ИСКЛУЧЕНА
Алатката активно комуницира со
16 Прекинувач на машина ВКЛУЧЕНА
апликацијата ONE-KEY™.
17 Копче за вклучување на машината
18 Далечинско управување
и може да ја отклучи операторот преку
19 LED за пренос на податоци
апликацијата ONE-KEY™.
20 Копче за спарување
21 Вклучување/исклучување преку далечински управувач
22 Копче за старт/стоп
23 Вибрирачка глава 1,5"
24 Вибрирачка глава 2,5"
25 Флексибилно вратило
26 Приклучок за машината
27 Приклучок за вибрирачката глава
УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога користите ремен за задржување, не
надминувајте го максималното оптоварување наведено на ременот за
задржување. За да изберете соодветен ремен, одредете ја тежината на
уредот и додатоците. Надминувањето на максималното оптоварување
може да резултира со сериозни повреди. Тежината на алатката, вклучувајќи
ја и батеријата, можете да ја најдете во техничките податоци.
За најдобри резултати, користете ремени за задржување што апсорбираат
енергија. Јажињата, појасите или синџирите можат да се скинат и да
предизвикаат оштетување. Не истегнувајте го целосно ременот за
задржување.
1. Потопете ја вибрирачката глава вертикално во материјалот и оставете
ја да потоне на саканата висина под сопствената тежина.
2. Држете ја оваа позиција околу 5 до 15 секунди, а потоа полека кренете
ја главата. Притоа внимавајте да нема дополнителен воздух во
материјалот при подигнувањето.
3. Мало поместување на вибрирачката глава нагоре и надолу го затвора
вдлабнувањето формирано од главата.
МАКЕДОНСКИ
105