Descargar Imprimir esta página

Philips Wisp Nasal Mask Manual De Instrucciones página 192

Publicidad

Напомени:
• Маската има вграден уред за издишување и затоа не е потребен одделен уред за
издишување.
• Маската не e направена од латекс од природна гума или DEHP.
Симболи
Предупредување или мерка
за претпазливост
Не е направена од латекс од
природна гума
Предупредувања
• Оваа маска не е соодветна за вентилација за одржување на виталните функции.
• Измијте ја рачно пред употреба. Проверете дали маската е оштетена или изабена
(напукната, удрена, искината и сл.). Отстранете ги и заменете ги оштетените делови ако
е неопходно.
• Кај некои корисници може да дојде до зацрвенување на кожата, иритација или
неудобност. Доколку се случи тоа, престанете со употреба и контактирајте со вашиот
здравствен работник.
• Обратете се кај лекар или кај стоматолог доколку имате забоболка, болки во непцата или
вилицата. Употребата на маската може да влоши постојно забно заболување.
• Обратете се кај лекар доколку забележите некои од следните симптоми додека ја носите
маската или откако ќе ја отстраните: сушење на очите, болка во очите, инфекции на очите
или заматен вид. Обратете се кај офталмолог доколку симптомите опстојуваат.
• Материјалот од маската секогаш треба да биде подалеку од очите.
• Не блокирајте ги или не затворајте ги портите за издишување.
• Не затегајте ги премногу каишите од ремените за главата. Внимавајте на знаци на
прекумерна затегнатост, како што се прекумерно црвенило, рани или набабрена кожа
околу рабовите на маската. Олабавете ги каишите од ремените за главата за да се
ублажат симптомите.
• Оваа маска е направена за употреба со системи за терапија со CPAP или терапија со
притисок на двојно ниво што се препорачани од вашиот здравствен работник или
респираторен терапевт. Не носете ја маската ако системот за терапија со CPAP или
со двојно ниво на притисок не е вклучен или не работи соодветно. Не блокирајте
ја или не обидувајте се да ја запечатите портата за издишување. Објаснување на
предупредувањето: системите за CPAP се наменети за употреба со специјални маски
со конектори што имаат отвори за вентилација за да овозможат континуиран проток на
воздухот надвор од маската. Кога апаратот за CPAP ќе се вклучи и работи правилно, новиот
воздух од апаратот за CPAP го истиснува издишаниот воздух низ порта за издишување
прикачена на маската. Меѓутоа, кога апаратот за CPAP не работи, нема да се доставува
доволно свеж воздух во маската и може повторно да се вдиши издишаниот воздух. Ова
предупредување се однесува на повеќето модели на системите за CPAP.
• Доколку со овој уред се употребува кислород, протокот на кислород мора да биде
исклучен кога уредот не работи. Објаснување на предупредувањето: кога уредот не
работи, а протокот на кислородот е вклучен, испорачаниот кислород во цевките за
вентилација може да се акумулира во внатрешноста на уредот. Кислородот акумулиран
во внатрешноста на уредот може да доведе до ризик од пожар.
• При непроменет проток на дополнителен кислород, концентрацијата на вдишаниот
кислород ќе се менува зависно од поставките за притисокот, начинот на дишење на
пациентот, изборот на маска и стапката на протекување. Ова предупредување се однесува
на повеќето типови на апарати за терапија со CPAP или со притисок на двојно ниво.
• Под ниски притисоци, CPAP или EPAP, протокот низ портата за издишување може да
биде несоодветен за да го истисне целиот издишан гас од цевката. Може да дојде до
повторно вдишување на издишаниот воздух.
• За да го поврзете уредот за издишување потребно е да го приспособите нивото на
притисокот за терапија за да се надомести зголеменото протекување.
Напомена
Контрола на отпорноста
X1
на System One
186
Совет

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Wisp youth nasal mask