• Проверете ја маската. Заменете го перничето ако се стврдне или се искине. Заменете ги
сите делови што се скршени.
• Ако маската има магнетни спојници за ремените за глава, проверете дали се правилно
составени со рамката и ремените за глава.
Упатства за чистење
Напомена: доколку маската има магнетни спојници за ремените, оставете ги прикачени
за рамката пред чистење.
Дневно: Измијте ги деловите што не се платно рачно.
Седмично: Исперете ги платнените делови рачно.
1.
Исперете ги рачно во топла вода со течен детергент за миење садови.
2.
Исплакнете темелно.
3. Целосно исушете на воздух пред употреба.
Внимание:
• Не чистете ја маската со белило, алкохол, раствори што содржат белило или алкохол
или раствори што содржат регенератори или навлажнувачи.
• Проверете дали маската е оштетена или изабена (напукната, удрена, искината и сл.).
Отстранете и заменете одредени делови ако е неопходно.
• Секоја отстапка од овие упатства може да влијае врз функционалноста на производот.
Упатства за миење во машина за садови
Седмично: Понатаму, деловите на маската што не се од платно може да се мијат и во
машина за садови.
1. Расклопете.
2. Мијте ги деловите што не се од платно во горната полица на машината за садови со
течен детергент за миење садови.
3. Целосно исушете на воздух пред употреба.
Внимание:
Проверете дали маската е оштетена или изабена (напукната, удрена, искината и сл.).
Отстранете и заменете одредени делови ако е неопходно.
Дезинфекција во здравствени установи
Напомена: доколку маската има магнетни спојници за ремените, отстранете
ги од рамката пред дезинфекцијата во здравствени установи. Видете го поглавјето
Расклопување/составување на магнетните спојници за ремените за отстранување.
Погледнете го Disinfection Guide for Professional Users (Упатството за дезинфекција за
професионални корисници) за тоа како да ја обработите маската по секој пациент во
клинички услови. Пристапете до последната верзија од Упатството за дезинфекција на
www.healthcare.philips.com или контактирајте со службата за корисници на 1-724-387-4000
или со Respironics Deutschland на +49 (0)8152 930693060.
188