МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА
ПОЧИТУВАНИ КЛИЕНТИ
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
Благодариме што го купивте овој производ. Убедени сме дека
веднаш ќе откриете дека ќе можете навистина да имате доверба
во нашите производи. Со цел полесно да го користите овој
апарат, во прилог ви го доставуваме ова детално упатство за
употреба.
Упатството ќе ви помогне при запознавање со вашиот нов апарат.
Прочитајте го внимателно пред да го употребите апаратот за прв
пат.
Во секој случај, осигурете се дека апаратот ви е доставен без
оштетувања. Доколку забележите оштетување до кое дошло при
превозот на апаратот, контактирајте го продавачот или
подрачниот магацин од каде ви бил доставен производот.
Телефонскиот број се наоѓа на фискалната сметка или на
испратницата.
Ви посакуваме пријатно искуство со вашиот нов
апарат за домаќинство. Апаратот е за употреба во
домаќинството за загревање храна и пијалаци, само
во затворен простор.
Внимателно прочитајте го упатството и зачувајте го за
понатамошна употреба.
Ова упатство е наменето за корисникот. Истото го опишува
апаратот и како да се користи. Тоа, исто така, важи за различни
видови апарати, па затоа е можно да сретнете описи или функции
кои не важат за вашиот апарат.
156
МК