• Ако апаратот испушта чад, исклучете го и држете ја вратата затворена за
да го задушите пламенот.
• Загревањето на пијалаци во микробрановата печка може да резултира со
одложено еруптивно вриење, затоа мора да се внимава при ракување со
садот.
• Содржината на шишињата за хранење и теглите со храна за бебиња треба
да се промеша или протресе и да се провери температурата пред да се
консумира, со цел да се избегнат изгореници.
• Јајцата во лушпа и цели тврдо варени јајца не треба да се загреваат во
микробранови печки, бидејќи може да експлодираат, дури и по
завршувањето на загревањето во печката.
• Печката треба редовно да се чисти и да се отстрануваат сите наслаги од
храна.
• Неодржувањето на печката во чиста состојба може да доведе до
деградирање на површината што може негативно да влијае на животниот
век на апаратот и може да создаде опасност.
• Користете ја само температурната сонда препорачана за оваа печка. (За
печки кои имаат можност за користење на температурна сонда.)
• Со микробрановите печки со декоративна врата мора да се ракува со
отворена декоративна врата.
• Овој апарат е наменет за употреба во домаќинства и за слични намени,
како што се:
- кујнски простории за вработени во продавници, канцеларии и други
работни средини;
- во хотели, мотели и други станбени простории;
- викендички;
- ноќевалишта кои служат појадок.
• Микробрановата печка е наменета за загревање храна и пијалаци.
Сушењето на храна или облека и загревањето на перничиња за
затоплување, влечки, сунѓери, влажни крпи и слично може да доведе до
ризик од повреда, палење или пожар.
• Не смеат да се користат метални садови за храна и пијалаци во
микробрановата печка.
159