Упатство за инсталација
Инсталација и поврзување
•
Овој апарат е наменет исклучиво за употреба во
домаќинството.
•
Овој апарат е наменет исклучиво за вградување. Не е
наменет за употреба врз или во кујнски елемент.
Ве молиме придржувајте се до посебното упатство за
•
инсталација
•
Апаратот може да се инсталира во ѕиден елемент со
широчина од 60 cm.
•
Апаратот е опремен со приклучен кабел и смее да се
приклучува единствено на прописно инсталиран и
заземјен штекер.
•
Напонот на мрежата мора да соодветствува со напонот на
плочката со спецификации.
Штекерот смее да го инсталира и приклучниот кабел смее
•
да го замени исклучиво квалификуван електричар.
Доколку штекерот не е достапен по инсталацијата, на
страната на инсталацијата мора да има уред за
исклучување на сите фази, со растојание меѓу контактите
од најмалку 3 mm.
•
Не смее да се користат адаптери, повеќекратни штекери и
продолжни кабли. Преоптеретувањето може да доведе до
ризик од пожар.
Во текот на работењето на апаратот, достапните површини
може да се вжештат.
177