552
Македонски
Внимание
Електромагнетни полиња (EMF)
-
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи
материјали како што се чаршаф или завеса.
-
Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во овој
прирачник и користете само оригинални додатоци од Philips.
-
Не оставајте апаратот да работи без надзор.
-
Тавата, корпата и додатоците ставени во комората за готвење стануваат
врели во текот на и по користењето на апаратот, секогаш ракувајте со
нив внимателно.
-
Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што
доаѓаат во допир со храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.
-
Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не
е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во
продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не е
наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски
објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.
-
Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без
надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или
чистење.
-
Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина.
-
Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални
или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со
упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде
поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.
-
Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете го
во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го
поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена.
-
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.
-
Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да
ракувате со него или да го чистите.
-
Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да бидат златножолти,
а не темни или кафени.
-
Отстранете ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на
температура поголема од 180 °C (за да создавањето на акриламид се
сведе на минимум).
-
Бидете внимателни кога го чистите горниот дел од комората за готвење:
Жежок греен елемент, раб на металните делови и заштита од прскање.
-
Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во апаратот
Airfryer.
-
Бидете внимателни кога готвите лесно расиплива храна со функцијата за
синхронизирано завршување (може да се размножат бактерии).
-
Внимавајте кога ја истурате зготвената храна и внимавајте да не
испаднат додатоците.
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се
однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.