Ознаки и нивно значење
При сечење на вертикални агли на
закосување подесливите гранични
водилки мора да се повлечат сосема
нанадвор одн. целосно да се отстранат.
Внимавајте на димензиите на сечилото
D
d
за пила (дијаметар на сечилото за пила
D, дијаметар на отворот d).
Дијаметарот на отворот d мора точно
да биде наместен на вретеното на
алатот. Доколку е неопходно
користење на редуцирачки делови,
внимавајте димензиите на
редуцирачкиот дел да одговараат на
дебелината на сечилото за сечење и на
дијаметарот на отворот на сечилото за
пила, како и на дијаметарот на
вретеното на алатот. Доколку е можно,
со сечилото за пила користете ги
испорачаните редуцирачки делови.
Дијаметарот на сечилото за пила D
мора да одговара на податоците на
ознаката.
Видете исто така „Димензии за
соодветни сечила за пила" во
поглавјето „Технички податоци".
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на цврста подлога со прав рез во
дрво, како фиксен уред. Притоа можни се хоризонтални
агли на закосување од –48° до +48° како и вертикални
агли на закосување од 47° (лево) до 47° (десно).
Капацитетот на електричниот алат е предвиден за сечење
на тврдо и меко дрво, како и иверки и лесонит.
Со користење на соодветни сечила за пила, можно е и
сечење на алуминиумски профили и пластика.
Овој производ е потрошувачки ласерски производ во
согласност со EN 50689.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
Bosch Power Tools
(1)
Завртка за фиксирање на механизмот за
влечење
(2)
Механизам за влечење
(3)
Транспортна рачка
(4)
Заштитен капак
(5)
Прекинувач за вклучување/исклучување за
работното светло
(6)
Прекинувач за вклучување/исклучување за
ласер (означување на линијата на сечење)
Блокада при вклучување на прекинувачот за
(7)
вклучување/исклучување
(8)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(9)
Дршка
(10)
Заштитно капаче за ласерот
(11)
Излезен отвор за ласерскиот зрак
(12)
Осцилаторен заштитен капак
Лизгачки валјак
(13)
(14)
Маса за сечење
(15)
Отвори за монтажа
(16)
Плоча за вметнување
(17)
Стега за фиксирање
(18)
Копче за фиксирање на саканиот агол на
закосување (хоризонтално)
Лост за претходно поставување на аголот на
(19)
закосување (хоризонтално)
(20)
Заштита од превртување
(21)
Натпис за предупредување на ласерот
(22)
Жлебови за стандарден агол на закосување
(хоризонтално)
(23)
Скала за аголот на закосување (хоризонтално)
(24)
Завртка за затворање на продолжетокот на
масата за пила
(25)
Продолжеток за маса за сечење
(26)
Основа на делот за обработка (Флексибилно
приклучување)
(27)
Фиксирана гранична водилка
(28)
Подеслива гранична водилка
(29)
Скала за аголот на закосување (вертикално)
(30)
Агломер за аголот на закосување (вертикално)
(31)
Одбивач на струготини
(32)
Сечило за пила
(33)
Блокада за вретеното
(34)
Транспортен осигурувач
(35)
Држач за заштита од превртување
(36)
Граничник за должина
(37)
Кеса за прав
(38)
Завртка за подесување на граничникот за
длабочина
(39)
Граничник за длабочина
Македонски | 287
1 609 92A 9PM | (18.04.2024)