Descargar Imprimir esta página

Bosch GCM 305-216 D Professional Manual Original página 294

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 51
294 | Македонски
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(9).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Совети при работењето
Означување на линијата за сечење (види слика P)
Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на
сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се
обработува може точно да го позиционирате за сечење,
без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (6).
– Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка
помеѓу двете ласерски линии.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на
сечење е точно прикажана (види „Подесување на
ласерот", Страница 294). Ласерските зраци може да се
поместат на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Хоризонтален
Вертикален агол
агол на
на закосување
закосување
45° (лево/десно)
45° (лево)
45° (лево)
45° (десно)
45° (десно)
45° (лево)
45° (десно)
Минимални делови за обработка (= сите делови што се
обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната
столарска стега (41) лево или десно од сечилото за
пила): 100 x 40 mm (должина x ширина)
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 70 mm
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика Q)
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Навалете го граничникот за длабочина (39) кон
напред.
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во
саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (38), додека
крајот на завртката не го допре граничникот за
длабочина (39).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
1 609 92A 9PM | (18.04.2024)
Сечење делови со еднаква должина (види слика R)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина
може да го употребите левиот или десниот граничник за
должина (36).
– Повлечете го граничникот за должина (36) нагоре.
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (25) на
саканата должина на делот што се обработува.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Менување на плочата за вметнување (види слика S)
Плочите за вметнување (16) може да го истрошат
електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките (54) со обичен крстест
одвртувач и извадете ја старата плоча за
вметнување (16).
– Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно
затегнете ги завртките (54).
Висина x ширина
Подесување на ласерот
[mm]
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
70 x 305
напојување со струја.
70 x 215
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
42 x 215
вклучување/исклучување за време на
20 x 215
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
42 x 305
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
20 x 305
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (14) до жлебот (22) за 0°.
Лостот (19) мора осетно да се вклопи во жлебот.
За да обезбедите попрецизни резови мора да ги
проверите ласерските зраци по интензивно користење и
евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Проверка (види слика T1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со
дршката (9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading