4.5
Користење на монтажниот шаблон
▶
Користете монтажен шаблон, за да ги утврдите мес-
тата, каде треба да се издупчат дупки и да се напра-
ват процепи.
4.6
Закачување на производот
1.
Не го инсталирајте производот на место каде што
има многу прашина, за да избегнете валкање на
филтрите за воздух.
2.
Проверете дали плафонот е доволно издржлив,
за да може да ја носи тежината на наполнетиот
производ.
3.
Внимавајте на вкупната тежина на производот.
Состојба: Носивоста на носечката површина не е доволна
▶
На местото на инсталација обезбедете уред за зака-
чување со доволна носивост.
4.
Користете прачки за прицврстување (испорачани)
за закачување на плафонот и обезбедените нав-
ртки со подлошките.
5.
На монтажниот шаблон обележете ги 4-те точки на
прицврстување на носечкиот плафон.
–
Внимавајте одводното црево за кондензат да е
благо навалено, за да може кондензатот соод-
ветно да истекува.
6.
Издупчете дупки за прачките за прицврстување
(испорачани).
7.
Вметнете ги прачките за прицврстување во издуп-
чените дупки.
8.
Вметнете ги прачките за прицврстување во жлебо-
вите на внатрешната единица и затегнете ги наврт-
ките.
8000011853_01 Упатство за инсталација и одржување
4.7
Хоризонтално порамнување на
внатрешната единица
5°
▶
По монтажата, порамнете ја внатрешната единица
хоризонтално со помош на либела.
–
хоризонтално од напред кон назад.
–
навалено кон лево или десно за 5%, следејќи ја
насоката на испуштање на кондензатот.
4.8
Промена на доводот на воздух
Внатрешната единица е фабрички опремена со довод на
воздух одзади.
2
1
Правоаголна рамка за
поврзување
2
Заден довод на воздух
▶
Ако доводот на воздух треба да биде одоздола, то-
гаш извадете го поклопецот (4) на долниот довод на
воздух (3).
Напомена
Довод на воздух одоздола веројатно ќе ге-
нерира повеќе бучава од доводот на воз-
дух одзади, па затоа е препорачливо да се
инсталира придушувач на звук и приклучна
кутија за да се минимизира бучавата.
▶
Монтирајте ја правоаголната рамка за поврзување
(1).
▶
Затворете го задниот довод на воздух (2) со поклопе-
цот што претходно го извадивте.
Опции за инсталација
▶
Типот на инсталација зависи од структурните услови
и спецификациите за безбедност и одржување.
5°
1
3
4
3
Долен довод на воздух
4
Капак
141