Descargar Imprimir esta página

Milwaukee 4933427182 Manual Original página 35

Clavadora de batería recargable

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 14
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ЗАБИВАЧ НА БАТЕРИИ
Производен број.....................................................................
Број на удари ..........................................................................
Макс. големина на клинец .....................................................
Волтажа на батеријата .........................................................
Тежина со батерија ................................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот
EN 62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) .............
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) .................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
......................................
h
Несигурност К = .....................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со
стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен
алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се
користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да
се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот
или кога е вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот
работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата
како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за
употреба.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА ЗАБИВАЧ НА
БАТЕРИИ
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Држете го електричниот алат за издадените
површини при изведување на операции при кои
алатот за сечење можат да дојдат во контакт со
скриени жици. Контакт со жица под напон исто така ќе
направи проводници од металните делови и оној кој
ракува со алатот ќе доживее струен удар.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни
инсталации.
При употреба на забивачот на батерии осигурете се,
дека навлаката за клеми и навлаката за магнет работат
уредно. Не смее да се отстранува или менува ништо
што влијае врз функционирањето на навлаката за
магнет. Не го употребувајте забивачот на батерии без
навлака за магнет.
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја
користите машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
МАКЕДОНСКИ
68
C 12 PN
..................... 4315 55 05...
...000001-999999
.......................2700 min
-1
.................. 3,4 x 90 mm
...........................12 V
..........................1,6 kg
...........................70 dB (A)
...........................81 dB (A)
.......................< 2,5 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем C12 за полнење на батерии
од C12 систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Забивачот на батерии е наменет за набивање клинци во
дрво.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност
дека „Техничките податоци" подолу го опишуваат
производот со сите релевантни одредби од регулативите
2011/65/ЕУ (RoHS), 2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се
усогласени со следниве хармонизирани регулаторни
документи:
EN 62841-1:2015+AC:2015
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2021-05-27
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, заглавување, ненадејно запирање
или краток спој, електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа
самостојно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и
вклучете повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може
да загрее многу. Во таков случај батеријата исклучува.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат
до отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање
во склад со начелата за заштита на
околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
n
Вртежи на празен од
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
69

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

C12 pn