Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GBH 185-LI Manual Original página 206

Ocultar thumbs Ver también para Professional GBH 185-LI:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
206 | Македонски
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување, се користат алати без
SDS plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна ви е запчеста глава за дупчење.
Напомена: Запчестата глава за дупчење користете ја
само во режимот на работа Дупчење без удари.
Менување на главата за дупчење
Вметнување/вадење на запчестата глава
За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или
брзозатегнувачка глава за дупчење).
Монтирање запчеста глава за дупчење (види слика B)
– Завртете го SDS plus-вратилото за прифат (20) во
запчестата глава за дупчење (19). Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење (19) со безбедносната
завртка (18). Внимавајте сигурносната завртка да
има лев навој.
Вметнување запчеста глава за дупчење
(види слика B)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат
ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека
самата не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата
глава за дупчење.
Вадење на запчестата глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење (19).
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (3) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (3) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат SDS plus
Ставање на SDS plus-алатот за вметнување (види
слика C)
Со SDS plus главата за дупчење (1) може едноставно и
лесно без користење на дополнителни алати да го
замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот за вметнување ставете го со вртење во
прифатот на алат (2) додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Со SDS plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
1 609 92A 9ER | (24.05.2024)
Вадење на SDS plus-алатот за вметнување (види
слика D)
– Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, запчеста глава за дупчење
Ставање на алатот за вметнување (види слика E)
Напомена: Не користете алати без SDS plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење (19).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење
(19), додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегнување на главата за дупчење (21)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава
за дупчење (19) и рамномерно затегнете го алатот.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (13) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика F)
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење
(19) со помош на клучот за затегање на главата за
дупчење (21) во правец спротивен на стрелките на
часовникот, додека не се извади алатот за
вметнување.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувач за прав со GDE 12 (види слика G)
За всисување на прав од бетон и камења, потребен е
уред за всисување GDE 12.
Овој систем за вшмукување не е погоден за прав од дрво,
метал и пластика, како и за прав, кој е штетен по
здравјето (на пр. азбест).
Bosch Power Tools

Publicidad

loading