Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GBH 185-LI Manual Original página 207

Ocultar thumbs Ver también para Professional GBH 185-LI:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (13)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (12) и свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (13) во
саканата позиција додека не слушнете дека се
вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање
на удари/вртежи (13)не се вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е
возможно.
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (8) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
Десен тек: За дупчење и завртување на
завртки притиснете го прекинувачот за
менување на правец на вртење (8) налево
до крај.
Лев тек: За олабавување одн. одвртување
на завртки и навртки притиснете го
прекинувачот за менување на правецот на
вртење (8) на десно до крај.
Напомена: доколку прекинувачот за правец на вртење
стои во средна позиција прекинувачот за вклучување/
исклучување е блокиран.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Bosch Power Tools
Работното светло (14) при малку или целосно притиснат
прекинувач за вклучување/исклучување (10)
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
При првото вклучување на електричниот алат може да
дојде до одложување на стартот на алатот.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (10).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 36 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (13) во позиција „Vario-Lock".
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (13) во позиција „Длетување". Со тоа,
прифатот за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на
десен тек.
Совети при работењето
Подесување на длабочината на дупчење (види слика
H)
Со граничникот за длабочина (17) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (15) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (16).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (17)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS plus (2). Инаку, доколку
SDS plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Македонски | 207
1 609 92A 9ER | (24.05.2024)

Publicidad

loading