Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GBH 185-LI Manual Original página 208

Ocultar thumbs Ver también para Professional GBH 185-LI:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
208 | Македонски
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
u
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
Исклучете го електричниот алат и олабавете го
u
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот алат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на
блокирање.
Брзо исклучување (KickBack Control)
Брзото исклучување (KickBack Control) нуди
подобра контрола на електричниот алат и со
тоа ја зголемува заштитата при користење,
во споредба со електричните алати без
KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
– За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (10) и
одново притиснете го.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното
светло (14) на електричниот алат.
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за
вибрации ги намалува вибрациите
кои настануваат во текот на
работењето.
Не го употребувајте електричниот апарат, доколку
u
е оштетен елементот за придушување.
Вметнување на битови за одвртувач (види слика I)
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е
универзален држач (22) со SDS plus-вратило за прифат.
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот
држач. Користете само битови за одвртувачот што се
соодветни на главата за завртување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја
чаурата за заклучување (4) наназад и извадете го
универзалниот држач (22) од прифатот за алат.
Прицврстување на делот за заштита од паѓање (види
слика J)
Напомена: за да се осигурате дека електричниот алат
нема да падне, за тежината на системот треба да
1 609 92A 9ER | (24.05.2024)
користите соодветен додаток за заштита од паѓање (24).
Максимално дозволената должина на додатокот за
заштита од паѓање изнесува 1,8 m. Почитувајте го
дозволеното поле за прицврстување (23) на
електричниот алат.
За да го заштитите уредот од паѓање користете врвка со
анкер или користете го делот за заштита од паѓање со
амортизација на пад.
При прицврстувањето на делот за заштита од паѓање (24)
почитувајте го соодветното упатство за работа.
Спротивните страни на делот за заштита од паѓање
u
прикачете ги на стабилна конструкција (на пр.
објект или скеле) и никогаш на самиот корисник.
Делот за заштита од паѓање мора да може
слободно да се движи и треба да биде прицврстен
само на фиксна точка на спојување (25) и во
дозволеното поле на прицврстување (23) на
електричниот алат.
Изберете ја фиксната точка на спојување (25) така
што електричниот алат во случај на пад, ќе падне
безбедно во безбедносната преграда, без притоа
да се замота околу корисникот или да му наштети.
Никогаш не корстете дел за заштита од паѓање на
електричниот алат со монтиран всисувач за
прав GDE 12.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (2) по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading