СЕРТИФИКАЦИЈА
CLOUD Z i-Size
Опсег на големина: 45-87 см
Тежина: макс. 13 кг
Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Cloud Z i-Size
за автомобил.
Прочитајте го внимателно ова Упатство за корисник пред да го инсталирате
седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте го при рака во
специјално наменетиот оддел.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА
•
Без одобрение на органот за Типска хомологација, седиштето за
автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
•
Со цел детето да се заштити правилно, задолжително е да го користите
седиштето за автомобил како што е опишано во овa Упатство за корисник.
•
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на
возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во
согласност со прирачникот на возилото.
•
Седиштето за автомобил може да се прицврсти со Base Z/Base Z One
и ISOFIX, или со автоматски каиш со 3 точки за фиксирање одобрен во
согласност со регулативата на ОН бр. 16 или истоветен стандард.
•
Ако седиштето за автомобил се монтира со автоматски каиш со 3 точки
за фиксирање, закопчувалката на каишот на возилото никогаш не смее
да стигнува до водилката на скутниот каиш на седиштето за автомобил.
Ако фиксниот држач на каиш е премногу долг, седиштето за автомобил е
несоодветно за користење во оваа позиција во возилото.
•
Монтирањето на ова седиште за автомобил на предното патничко
седиште со активирано предно воздушно перниче НЕ Е
ДОЗВОЛЕНО.
MK
•
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани во
упатството и означени на детскиот систем за врзување.
•
Влошката за новороденче се употребува за заштита на детето и мора да
се употребува сè додека детето не достигне должина од 60 см.
•
Пред секое патување треба да проверите дали системот со сигурносни
каиши на седиштето за автомобил е правилно приспособен и дали се
прицврстува добро на телото на детето. Каишите никогаш не смее да се
превиткуваат!
128
•
Секогаш закопчувајте го детето кога се наоѓа во седиштето за автомобил.
•
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му понуди на
детето максимална заштита и удобност, а истовремено да гарантира дека
системот со каиши се прицврстува правилно.
•
Седиштето за автомобил мора секогаш да биде монтирано и
прицврстено правилно во возилото, дури и кога не се употребува.
•
Потпорната ногалка мора секогаш да биде во директен контакт со подот
на возилото. Ако возилото има простор за складирање во просторот за
нозе, контактирајте со производителот на возилото.
•
Додека возите, седиштето за автомобил мора постојано да биде закочено
завртено наназад.
•
За да овозможува најдобра можна заштита, седиштето за автомобил
секогаш треба да ја употребува линеарната странична заштита од удари
(L.S.P.).
•
Ако го користите седиштето за автомобил на средно седиште на
возилото, линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) не смее
никогаш да биде во отворена позиција.
•
Седиштето за автомобил исто така беше тестирано и одобрено за
користење без линеарна странична заштита од удари (L.S.P.) во отворена
позиција.
•
Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето за автомобил не е
заглавено на некоја површина кога ја затворате вратата на возилото или
да кога го приспособувате задното седиште.
•
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
возилото, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
•
Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без
навлаката на седиште. Бидете сигурни дека се употребува само
оригинална навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен
елемент што овозможува седиштето да функционира правилно.
•
Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.
•
Лежечката позиција може да се употребува само надвор од возилото.
•
Не ставајте ги седиштата за автомобил на подигнати површини, како
маса.
•
Некои делови од овој систем за врзување дете може да се загреат
кога се изложуваат на директна сончева светлина и би можеле да
предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете го детето и
седиштето за автомобил од директно изложување на сончева светлина.