Cybex Platinum CLOUD Z i-SIZE Guia Del Usuario página 131

Ocultar thumbs Ver también para CLOUD Z i-SIZE:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето за
автомобил што не може да се види со голо око. Во случај на сообраќајна
несреќа, заменете го седиштето за автомобил. Ако се двоумите,
советувајте се со застапникот или со производителот.
Не користете го ова седиште за автомобил подолго од 8 години.
Седиштето на возилото е изложено на големо оптоварување за време
на рокот на траење, што води до промени во квалитетот на неговите
материјали со минување на времето.
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење
и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или
белила!
На некои седишта на возилото изработени од чувствителни материјали,
користењето може да остави дамки и/или да предизвика бледнеење. За
да го спречите ова, можете да ставите ќебе, крпа или сличен предмет под
седиштето за автомобил за да го заштитите седиштето на возилото.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
Оддел на батерија (1)
Основа (2)
Потпорна ногалка (3)
Влошка за новороденче (4)
Копчиња за отпуштање ISOFIX (5)
Рачки за заклучување ISOFIX (6)
Точки за закотвување ISOFIX (7)
Индикатори ISOFIX (8)
Копче за приспособување на
потпорна ногалка (9)
Индикатор на потпорна ногалка (10)
Рачка за носење (11)
Копчиња за ослободување на
рачката за носење (12)
Индикатор за закочување на
седиште (13)
Линеарна странична заштита
од удари (L.S.P.) (14)
Индикатор за агол на
навалување (15)
Автоматски каиш со 3 точки за
фиксирање (16)
Водилка на скутен каиш (17)
Водилка на дијагонален каиш (18)
ПОДГОТОВКА ЗА МОНТИРАЊЕ НА BASE Z
Пред да ја монтирате основата првпат, најпрво мора да ја отстраните
пластичната лента од одделот на батеријата (1) на потпорната ногалка.
Основата (2) ќе емитува предупредувачки звучен сигнал сè додека не се
монтира правилно. Ако потпорната ногалка (3) се отклопи и не слушате
никаков звук, мора да ја проверите батеријата. За да ја проверите батеријата,
одделот на батеријата (1) што се наоѓа во задниот дел на потпорната ногалка
може да се отвори со шрафцигер. Батеријата може да се замени само со
батерија со големина CR2032.
Зелено копче за ослободување на
седиште (19)
Горно копче за ослободување на
седиште (20)
Позиција за прицврстување на
потпорна ногалка (21)
Наслон за глава (22)
Рачка за приспособување на наслон
за глава (23)
Копче за приспособување на каиш
(24)
Каиш за рамо (25)
Закопчувалка (26)
Јазиче за закопчување (27)
Централен каиш за приспособување
(28)
Зелено копче (29)
Лизгач за вртење седиште (30)
Индикатор за правец на движење (31)
Стреа за сонце (32)
Рачка за ослободување во лежечка
позиција (33)
Рачка за ослободување на адаптер на
количка (34)
Оддел за упатството за употреба (35)
MK
129

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido