Vitamix THE QUIET ONE Manual Del Usuario página 173

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 49
Упатства за користење на копчињата за однапред поставени програми
Следуваат основните поставки на шесте копчиња за однапред поставени програми за The Quiet One®. Овие програми, означени со броеви од 1 до 6 се циклуси на
блендирање дизајнирани за напитоците кои најчесто се подготвуваат. Во зависност од нивото на вискозност на напитокот што го креирате, со избирање на една од
однапред поставените програми, машината ќе работи за време на цел циклус. Машината сама ќе запре кога циклусот ќе биде комплетиран. Циклусите се разликуваат
во брзина и времетраење. Опциите за однапред поставени програми на машината може да бидат различни како последица на ревизија на програмите или поради
различните рецепти, резултатите може исто така да бидат различни.
КОПЧЕ 1: Општа намена / Smoothie – блендира smoothies и нисковискозни пијалоци кои се состојат од сок и мраз во кремаста конзистенција. (:18)
КОПЧЕ 2: Дупло Smoothie – блендира слични пијалаци како оние со копчето 1 но во поголема количина. (:18)
КОПЧЕ 3: Замрзнато кафе и сокови – блендира лесни напитоци со кафе до кремаста конзистенција. (:18)
КОПЧЕ 4: Напитоци со сладолед – блендира пијалоци кои содржат тврд сладолед до густа конзистенција на милкшејк. (:28)
КОПЧЕ 5: Двојни и напитоци со сладолед кои тешко се блендираат. (:20)
КОПЧЕ 6: Густо Smoothie тешко за блендирање – блендира густо замрзнато овошје и тврди состојки за густо но конзистентно smoothie. (:28)
Совети за блендирање
1. Прво ставајте ги течностите и меката храна во садот, а на крај тврдите состојки и мразот. Иако не е неопходно, може да ја пресечете или да ја искршите
храната на помали парчиња за попрецизно мерење на состојките. Се препорачува омекнато или делумно омекнато овошје.
2. Како општо правило, во споредба со други блендери, со The Quiet One® не ви е потребно толку мраз за да направите исто замрзнат напиток. Ако
пијалакот од рецептот замрзне, пробајте да ја намалите количината на мраз.
3. Наместете го садот на основата за моторот со тоа што ќе го наместите над подлогата за центрирање прицврстена за основата.(Моторот мора да биде
целосно запрен пред да го поставите садот.) Садовите не се наменети за тврди, суви материјали. Одбегнувајте да ја пуштате машината кога садот е
празен.
4. Секогаш користете капак кој е безбедно прикачен додека блендирате.
5. Вклучете ја машината во најблискиот електричен приклучок (ако е исклучена). Притиснете го прекинувачот On/Off на on. Изберете ја посакуваната
програмирана поставка притискајќи кое било од копчињата за однапред поставени програми од 1 до 6. Машината веднаш ќе започне со циклусот на
избраната програма и ќе се исклучи кога програмата ќе биде комплетирана. (ЗАБЕЛЕШКА: Секое копче има различна однапред избрана комбинација на
брзина и времетраење на блендирањето.)
6.
Откако ќе притиснете едно од шесте копчиња за однапред поставени програми, машината ќе започне да работи и автоматски ќе престане. Со притискање на друго
копче за однапред поставени програми, машината ќе престане со циклусот на блендирање.
7.
Кога циклусот е завршен, блендерот запира.Почекајте додека сечилата целосно запрат пред да го отстраните капакот и/или садот од основата за моторот.
8.
Отстранете го садот, сипете го, украсете го и послужете го пијалакот.
9.
Притиснете го прекинувачот за струја On/Off (Вклучи/Исклучи) кога уредот не се користи.
Совети за одржување
Никогаш не го удирајте садот од некаква површина за да ги тргнете состојките. Отстранете го садот од основата и употребете гумена шпакла за да отстраните
густи мешавини од дното на садот.
• Никогаш не го протресувајте или не тропајте врз садот додека е во употреба.
• Никогаш не го отстранувајте садот пред машината целосно да запре.
• Никогаш не го вклучувајте моторот пред да го наместите садот.
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ!
• Секојдневно проверувајте дали во сечилата има одлабавени, оштетени или делови што недостасуваат. Ако најдете нешто што е одлабавено, оштетено или
дека нешто недостасува, заменете го лежиштето за сечила пред употреба. Не ја стегајте шестоаголната навртка (над лежиштето за сечила). Ако е одлабавена,
веднаш заменете го лежиштето за сечила.
• Упатствата што се наведени во овој Прирачник за употреба и чување не може да ги покријат сите можни услови и ситуации што може да настанат. При ракување
и одржување на кој било уред мора да се пристапува со здрав разум и претпазливост.
• Кога термалниот осигурувач ќе го исклучи моторот, проверете ги техниките на обработка и упатствата. Рецептот може да биде премногу густ или да содржи
премногу материјал. Размислете за додавање повеќе течност и консултирајте се со Службата за корисници на Vitamix® или со локалниот дистрибутер на
Vitamix за дополнителна помош.
О
п ш т и у п ат с т В а
173

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Vm0149

Tabla de contenido