Користете го уредот само за неговата наменета
употреба
Вашиот уред може да функционира неправилно.
Избегнувајте да ги вознемирувате другите кога го
користите уредот во јавност
Дозволете само квалификувани лица да го
сервисираат Вашиот уред
Сервисирањето од неквалификувани лица на Вашиот
уред може да предизвика оштетување, а со тоа и
поништување на Вашата гаранција од производителот.
Ракувајте внимателно со каблите
• Кога поврзувате кабел со уредот, осигурете се дека
кабелот е поврзан во правилната страна.
• Поврзувањето кабел присилно или неправилно
може да доведе до оштетување на повеќенаменскиот
приклучок или другите делови на уредот.
Обезбедете пристап до услугите за итни случаи
Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема
да бидат возможни во некои подрачја или околности.
Пред патување во оддалечени или неразвиени подрачја,
испланирајте резервен метод за контакт со персоналот
задолжен за итни повици.
Македонски
593