Снег - Stiga ST 700 Li 4 Serie Manual De Instrucciones

Quitanieves conducido de pie
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 120
3.4
ЧИСТЕЊЕ НА ЦЕВКАТА ЗА ИСФРЛАЊЕ
СНЕГ
a) Контактот со рацете со роторот што се врти
во внатрешноста на отворот за празнење е
најчестата причина за повреда поврзана со
фрлачите на снег Никогаш не користете ја раката
за да ја исчистите цевката за исфрлање снег.
b) За да го исчистите отворот за исфрлање:
1) ИСКЛУЧЕТЕ ЈА МАШИНАТА!
2) Почекајте 10 секунди за да се осигурате дека
сечилата на роторот престанале со работа.
3) Секогаш користете алатка за чистење, а не рацете.
3.5
ОДРЖУВАЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
• Проверувајте ги сигурносните завртки и другите
завртки во чести интервали, дали се соодветно
затегнати за да бидете сигурни дека опремата е во
безбедна работна состојба.
• За намалување на ризикот од пожар не оставајте
полни контејнери во затворен простор.
• Секогаш осврнете се на Упатството за употреба за
важните детали, доколку чистачот на снег треба да
се складира на подолг период.
• Одржувајте или заменувајте ги ознаките за
безбедност, доколку е потребно.
• Вклучете ја машината да работи неколку минути
по фрлањето снег за да спречите замрзнување на
колекторот/роторот.
• Кога го чистите, поправате или проверувате
фрлачот на снег, запрете ја машината и бидете
сигурни дека колекторот/роторот и сите подвижни
делови се запрени. Исклучете ја батеријата за да
спречите некој случајно да го запали моторот.
3.6
БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈАТА
ВАЖНО Следните безбедносни мерки ги
опфаќаат безбедносните одредби коишто
се претставени во даденото упатство за
батеријата и за полначот на батеријата
кое што се доставува со машината.
• Овој апарат не е наменет за употреба од страна на
лица (вклучително и деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или недостаток
на искуство и знаење, освен ако не се под надзор
или им е дадено упатство за користење на апаратот
од лице одговорно за нивната безбедност.
• Користете само полначи за полнење на батериите
што ги препорачува производителот. Несоодветен
полнач за батеријата може да предизвика
електричен удар, прегревање или протекување на
корозивната течност од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации што се
предвидени за вашиот апарат. Употреба на други
батерии може да предизвика повреди и ризик од
пламен.
• Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја
ставите батеријата. Ставање батерија во вклучен
електричен апарат може да предизвика пожар.
• Секогаш чувајте ја површината на полначот без
прашина и нечистотија.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку
од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли,
навртки и други мали метални предмети што може
да предизвикаат краток спој на контактите. Краток
спој на контактите на батеријата може да доведе до
експлозија и пламен.
• Никогаш не празнете ја целосно батеријата и
полнете ја повремено доколку не се користи подолг
период.
• Не користете го полначот за батеријата на места
каде има гасови, запаливи супстанци или лесно
запаливи површини, како што се хартија, ткаенина
и слично. За време на полнењето, батеријата се
загрева и може да предизвика оган.
• За време на транспорт на акумулаторите, обратете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе
и не користете метални кутии за транспорт.
3.7
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се
извршува релевантно и приоритетно при употреба на
машината во корист на граѓанските погодности и на
просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат
непосредното
машината само во разумно време (не многу
рано наутро и доцна навечер кога може да ги
вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните закони за фрлање
на амбалажата, делови во распаѓање или какви
било елементи со штетно влијание врз животната
средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во
ѓубре, туку треба да се селектираат и да се однесат
во соодветни собирни центри за рециклирање
материјали.
• Следете ги во целост локалните закони за фрлање
на материјалите што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте ја
машината каде било во околната средина, туку
предајте ја во собирен центар во согласност со
законите.
Не фрлајте ги електричните апарати заедно
со домашен отпад. Во согласност со
директивата на ЕУ 2012/19/UE, отпадот што
се состои од електрични и електронски
МК - 6
опкружување.
Користете
ја

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido