Dremel 8100 Traducción De Las Instrucciones Originales página 124

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО И АБРАЗИВНОТО
СЕЧЕЊЕ
a. Користете ги само оние типови на брусни плочи кои се
препорачани за вашиот алат и специфичната заштита
која е дизајнирана за дадената плоча. Брусните плочи
за коишто електричниот алат не е предвиден, не можат
адекватно да се заштитат и не се безбедни.
b. Брусните плочи смеат да се користат само за
препорачани видови на примена. На пример: немојте
да брусите со бочната страна од брусната плоча.
Абразивните плочи за сечење се предвидени за периферно
брусење, а бочната примена на сила врз брусната плоча
може да предизвика тие да се се скршат.
c. Секогаш користете неоштетени прирабници со
соодветна величина и облик за брусните плочи кои
сте ги избрале. Соодветните брусни плочи ја штитат
плочата и така ја намалуваат можноста од незино
кршење. Прирабниците за плочите за сечење може да се
разликуваат од прирабниците за брусни плочи.
d. Немојте да користите изабени плочи од поголем алат.
Брусните плочи наменети за поголем електричен алат
не се погодни за повисоките брзини на помалиот алат и
можат да се скршат.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО
АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ
a. Избегнувајте да ја блокирате плочата за сечење
или да применувате премногу голем притисок. Не
обидувајте се да правите премногу длабоко сечење.
Преоптоварувањето на брусната плоча го зголемува
напрегањето и уште повеќе ја искривува или блокира
плочата, како и можноста за повратен удар или кршење
на плочата.
b. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред или
зад ротационата плоча. Ако плочата на местото на
работење се се движи од Вашето тело, во случај на
повратен удар, електричниот алат со ротирачката
плоча може да отскокне директно кон Вас.
c. Ако брусната плоча се заглави и иако од било која
причина престанете со работата, исклучете го алатот
и држете го мирно сè додека брусната плоча целосно
не се смири. Никогаш не обидувајте се да ја извадите
плочата за сечење од работното парче додека брусната
плоча сè уште се врти, бидејќи во спротивно може да
дојде до повратен удар. Проверете која е причината за
блокирањето и преземете мерки за незино отклонување.
d. Немојте повторно да го вклучувате алатот за сечење
додека тој се наоѓа во работното парче. Брусната
плоча нека ја достигне својата полна брзина и потоа
внимателно продолжете со сечењето. Брусната плоча
може да се заглави, да отскокне или да предизвика
повратен удар доколку алатот повторно се вклучи
додека е на работното парче.
e. Потпрете ги плочите или големите работни парчиња
за да го намалите ризикот од блокирање на брусната
плоча и од повратен удар. Големите работни парчиња
можат да се свиткаат под својата сопствена тежина.
Мора да се стават потпирки под работното парче во
близина на работ на работното парче од двете страни
на брусната плоча.
f.
Бидете посебно претпазливи кога правите засечување
во веќе постоечките ѕидови или во некои други
непрегледни подрачја. Плочите за сечење можат
да ги пресечат гасоводните или водоводните цевки,
електричните инсталации или некои други предмети и
така да предизвикаат повратен удар.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО СО ШМИРГЛА
a. Немојте да користите преголема абразивна хартија
(шмиргла). Следете ги препораките на производителот
при избирањето на шмиргла. Парчињата шмиргла кои
се поголеми од брусната подлога можат да предизвикаат
повреди и блокирање, кинење на листот или повратен
удар.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО ПОЛИРАЊЕТО
a. Не дозволувајте делови од хаубата за полирање
нејзините прицврстувачки жици да се олабават. Не
дозволувајте да се олабават деловите од хаубата
за полирање или нејзините жици за прицврстување.
Лабавите или ротационите жици можат да Ви ги
зафатат прстите или да го блокираат работното
парче.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО ЖИЧЕНИТЕ ЧЕТКИ
a. Имајте предвид дека жичените четки и во текот на
вообичаената употреба губат парчиња од жицата. Не
ги преоптоварувајте жиците со прекумерно притискање
врз четката. Парченцата од жица можат лесно да
продрат низ тенката облека и/или да продрат до
кожата.
b. Ако се препорачува употреба на заштита за работа
со жичена четка, тогаш немојте да дозволите да дојде
до контакт меѓу четката и заштитата. Пречникот на
четката може и да се зголеми поради оптоварувањето и
центрифугалните сили.
c. Немојте да наминувате 15.000 мин.–1 кога користите
жичени четки.
НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
МАТЕРИЈАЛИ ШТО СОДРЖАТ АЗБЕСТ
(АЗБЕСТОТ СЕ СМЕТА ЗА КАНЦЕРОГЕН).
ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
ТЕКОТ НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ
ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛЛИВА
ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (НЕКОИ ВИДОВИ ПРАШИНА СЕ
СМЕТААТ ЗА КАНЦЕРОГЕНИ); НОСЕТЕ ЗАШТИТНА МАСКА
ПРОТИВ ПРАШИНА И КОРИСТЕТЕ ПРАВОСМУКАЛКА/
СМУКАЛКА ЗА ОТПАДОЦИ, АКО МОЖЕ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ.
124

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido