Упатство За Употреба - Milwaukee SSPE 1300 RX Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para SSPE 1300 RX:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може
да предизвика губење на слухот.
Држете го електричниот алат за издадените
површини при изведување на операции при кои
алатот за сечење можат да дојдат во контакт со
скриени жици или сопствениот гајтан. Контакт со
жица под напон исто така ќе направи проводници од
металните делови и оној кој ракува со алатот ќе
доживее струен удар.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат
поврзани за струја преку направата за поврзување
(FI, RCD, PRCD).
Секогаш носете ракавици кога ја користите
машината. Исто така препорачливо е да се носат
очила, цврсти чевли кои не се лизгаат и престилка.
Прашината и струготините не смеат да се
одстрануваат додека е машината работи.
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави
исклучиво машината е исклучена.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од
работната површина. Секогаш водете го кабелот
позади вас.
Пршината која се создава при користење на овој
алат може да биде штетна по здравјето. Не ја
вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Не користете скршени или изобличени сечила.
Убодни резови без претходно дупчење се возможни
кај меки материјали (дрво, лесни градежни
материјали за ѕидови). Кај поцврсти материјали
(метали) мора првин да се направи дупка која ќе
одговара на димензијата на пилата.
Секогаш при сечење поставете ја водилката врз
работното парче.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте
да ги избегнете електричните, гасните и водоводни
инсталации.
При екстремни услови на употреба (на пр. работа во
влажно опкружување, сечење цевки што би можеле
да содржат течност) неизбежна е потребата од
предвклучување на заштитен прекинувач за
погрешна струја (FI). По активирање на
FI-заштитниот прекинувач, машината мора да биде
испратена на поправка.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа сабјаста пила сече дрво пластика и метал.
Може да сече прави линии, кривини и внатречни
отсечоци. Сече цевки и може да сече паралелно со
површината.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
O своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
„Технички податоци„ опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHs), 2006/42/EC, 2004/108/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-11:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
EN 61000-3-2:2006 + A1:2009 + A2:2009
EN 61000-3-3:2008
Winnenden, 2013-08-07
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на
главниот напон наведен на плочката. Можно е исто
така и поврзување на приклучок без заземјување
доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2
класа.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни
делови. Доколку некои од компонентите кои не се
опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж
на апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или
во Вашата корисничка служба или директно кај
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате
машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Секогаш пред спроведување на каков и
да е зафат врз машината исклучете го
кабелот од приклучокот.
Дополнителна опрема - Не е вклучена
во стандардната, а достапна е како
додаток.
Не ги фрлајте електричните апарати
заедно со другиот домашен отпад!
Европска регулатива 2002/96/EC за
одлагање на електична и електронска
опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните
апарати кои го достигнале крајот на
својот животен век мора да бидат
одвоено собрани и вратени во
соодветна рециклажна установа.
Заштитна класа II, електро-орудие, кај
кое што заштитата од електричен удар
не зависи само од базичната изолација
туку каде што се применуваат и од
дополнителни безбедносни мерки, како
што е дуплата изолација или
засилената изолација.
МАКЕДОНСКИ
69

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Sspe 1300 qxSspe 1300 sxSspe 1500 x

Tabla de contenido