Bosch GTS 10 XC Professional Manual Original página 370

Ocultar thumbs Ver también para GTS 10 XC Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 62
370 | Македонски
прегревање на запците на сечилото и топење на
материјалот што се обработува.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Вадење на сечилото за пила
– Свртете ја курблата (20) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото на пила
(33) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над
масата за сечење.
– Отворете го затезниот лост (49) и извадете го
заштитниот поклопец (6) од жлебот на клинот за
разделување (7).
– Со одвртувач подигнете го додатокот за маса (32) од
напред и извадете го од отворот на алатот.
– Завртете ја затезната навртка (59) со прстенестиот
клуч (15) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното (60) додека не се вклопи.
– Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и
завртете ја затегнувачката навртка во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница (61).
– Извадете го сечилото за пила (33).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете ново сечило за пила на приклучната
прирабница (62) на вретеното на алатот (63).
Напомена: Не користете премали сечила за пила.
Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за
расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
клинот за разделување!
– Поставете ги стезната прирабница (61) и затезната
навртка (59).
– Завртете ја затезната навртка (59) со прстенестиот
клуч (15) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното (60) додека не се вклопи.
– Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на
стрелките на часовникот.
– Повторно ставете го додатокот за маса (32).
– Повторно монтирајте го заштитниот поклопец (6).
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
1 609 92A 7WN | (14.06.2022)
Транспортна и работна позиција на сечилото
за пила
Транспортна позиција
– Отстранете го заштитниот поклопец (6) и додатокот за
маса (32) и позиционирајте го клинот за разделување
(7) во најдолната позиција. Повторно ставете го
додатокот за маса (32).
– Свртете ја курблата (20) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека запците на сечилото
за пила (33) не се најдат под масата за сечење (17).
– Вметнете го проширувањето за маса за сечење (11)
целосно навнатре.
Притиснете ја затезната дршка (18) надолу. На тој
начин ќе се фиксира проширувањето на масата за
сечење.
Работна позиција
– Позиционирајте го клинот за разделување (7) во
најгорната позиција точно над средината на сечилото
за пила, вметнете го додатокот за маса (32) и
монтирајте го заштитниот поклопец (6).
– Свртете ја курблата (20) во правец на стрелките на
часовникот, додека запците на сечилото за пила (33)
не се најдат над делот за обработување околу
3 − 6 mm.
Зголемување на масата за сечење
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проширување за масата за сечење (види слика A)
Проширување за масата за сечење (11) ја проширува
масата за сечење (17) кон десно.
– Повлечете ја затезната дршка (18) за проширувањето
на масата за сечење целосно нагоре.
– Извлечете го нанадвор проширувањето на масата за
сечење (11) до саканата должина.
– Притиснете ја затезната дршка (18) надолу. Со тоа се
фиксира проширувањето на масата за сечење.
Продолжеток на масата за сечење (види слика B)
Продолжетокот на масата за сечење (10) ја продолжува
масата за сечење (17) наназад.
– Олабавете ја завртката за блокирање (38) на левата
водечка прачка.
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за
сечење (10) до саканата должина.
– За фиксирање на позицијата затегнете ја завртката за
блокирање (38).
Доколку е потребно, ставете потпора за продолжетокот
за масата за сечење кај тешките делови за обработка.
Подвижни лизгачи (види слика C)
Со помош на подвижните лизгачи (2) може да се сечат
парчиња до максимална ширина од 350 mm.
Истовремено се постигнува поголема прецизност при
сечењето со користењето на аголен граничник (3) (види
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m30 4033 601 m30 4733 601 m30 4323 601 m30 462

Tabla de contenido