Bosch GTS 10 XC Professional Manual Original página 374

Ocultar thumbs Ver también para GTS 10 XC Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 62
374 | Македонски
– Поместувајте го рачното тркало (19) кон 0°-
граничникот, додека кракот на аголното мерило не
биде рамен по целата должина на сечилото за пила.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада (26).
– Повторно затегнете ја завртката (71).
Доколку по подесувањето агломерот (64) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (27), олабавете ја завртката
(72) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Повторете ги горенаведените работни чекори соодветно
за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја
завртката (73); поместете го 45°-граничникот (25)).
Притоа агломерот (64) не смее повторно да се
поместува.
Паралелност на сечилото за пила со водечките
жлебови на аголниот граничник (види слика N)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Отстранете го заштитниот поклопец (6).
Проверка
– Со молив означете го првиот лев забец на пилата,
којшто може да се види одзади над додатокот за маса.
– Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на
работ на водечкиот жлеб (9).
– Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не
ги допре означените запци на пилата и прочитајте го
растојанието помеѓу сечилото за пила и водечкиот
жлеб.
– Вртете го сечилото за пила додека означениот забец
не застане однапред над додатокот за маса.
– Поместувајте го аголното мерило по должина на
водечкиот жлеб до означениот забец на пилата.
– Повторно измерете го растојанието меѓу сечилото за
пила и водечкиот жлеб.
Двете измерени растојанија мора да бидат идентични.
Подесување
– Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна
глава (74) напред под масата за сечење и завртките со
внатрешна шестаголна глава (75) назад под масата за
сечење со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (37).
– Внимателно движете го сечилото за пила додека не
дојде паралелно со водечкиот жлеб (9).
– Повторно затегнете ги сите завртки (74) и (75).
Подесување на показателот на растојание на масата
за сечење (види слика O)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката на лупата (68) не покаже на долната
скала 33 cm.
За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (51) надолу.
1 609 92A 7WN | (14.06.2022)
– Повлечете ја затезната рачка (18) целосно нагоре и
извлечете го проширувањето на масата за
сечење (11) нанадвор до крај.
Проверка
Показателот на растојание (69) на горната скала (1) мора
да покажува идентична вредност како ознаката на лупата
(68) на долната скала (1).
Подесување
– Повлечете го проширувањето на масата за сечење
(11) нанадвор до крај.
– Олабавете ја завртката (76) со крстест одвртувач и
насочете го показателот на растојание (69) по
должина на 33-cm ознаката на горната скала (1).
Подесување на паралелноста на паралелниот
граничник (види слика P)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Отстранете го заштитниот поклопец (6).
– Олабавете ја затезната дршка (51) на паралелниот
граничник и поместувајте ја додека не го допре
сечилото за пила.
Проверка
Паралелниот граничник (8) мора да го допира сечилото
за пила по целата должина.
Подесување
– Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна
глава (77) со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (37).
– Внимателно поместувајте го паралелниот граничник
(8), додека не го допре сечилото за пила по целата
должина.
– Држете го паралелниот граничник во оваа позиција и
повторно притиснете ја затегнувачката дршка (51)
надолу.
– Повторно цврсто затегнете ги завртките со внатрешна
шестаголна глава (77).
Поставување на силата на затегнување на
паралелниот граничник
Затегнувачката сила на паралелниот граничник (8) може
да попушти по честата употреба.
– Затегајте ја завртката за подесување (31), додека не
се фиксира паралелниот граничник на масата за
сечење.
Подесување на лупата на паралелниот граничник
(види слика P)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Отстранете го заштитниот поклопец (6).
– Поместувајте го паралелниот граничник (8) од десната
страна додека не го допре сечилото за пила.
Проверка
Ознаката на лупата (68) мора да биде во една линија со
0-mm ознаката на скалата (1).
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m30 4033 601 m30 4733 601 m30 4323 601 m30 462

Tabla de contenido