Користење на производот
5.10. Ледомат и сад
за чување мраз
*по избор
Користење на ледоматот
Наполнете го ледоматот со вода и ставете
го на лежиштето. Мразот ќе биде готов за
околу два часа. Не го вадете ледоматот од
лежиштето за да земете мраз.
Свртете ги рачките на резервоарот на мраз
во правец на движење на стрелките на
часовникот за 90 степени.
Коцките мраз во резервоарите ќе паднат
во садот за чување на мраз под нив.
Може да го извадите садот за чување на
мраз и да ги сервирате коцките мраз.
Ако сакате, може да ги чувате коцките мраз
во садот за чување мраз.
Сад за чување мраз
Садот за чување мраз е наменет само за
акумулирање на коцки мраз. Не ставајте
вода во него. Инаку ќе се скрши.
Фрижидер/Упатство за употреба
5.11. Користење на
чешмата за вода
*по избор
C
Нормално е првите неколку
чаши вода од чешмата за вода
да бидат топли.
C
Ако чешмата за вода не се
користи долго време, фрлете ги
првите неколку чаши вода за да
добиете чиста вода.
1. Притиснете ја рачката на чешмата за
вода со чашата. Ако користите чаша од
мека пластика, притискањето на рачката
со раката ќе биде полесно.
2. Откако ќе ја наполните чашата до нивото
што го сакате, опуштете ја рачката.
21/36МК