Всисување На Прав/Струготини; Совети При Работењето - Bosch Professional GWX 18V-15 C Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para Professional GWX 18V-15 C:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 53
356 | Македонски
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Погонската глава може да ја вртите со чекори оsд 90°.
Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување за
специјалните случаи на работа може да се постави во
поповолна позиција за ракување, на пр. за левораки
лица.
Целосно одвртете ги 4-те завртки (➊). Внимателно
навалете ја погонската глава и без да ја извадите од
куќиштето ставете ја во новата позиција (➋). Повторно
навртете ги 4-те завртки (➌).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Електричниот алат со активиран Bluetooth
u
Energy модул GCY 42 е опремен со радио
интерфејс. Треба да се внимава на локалните
оперативни ограничувања, на пр. во авиони или
болници.
Во предели каде Bluetooth®-радио технологијата не
u
смее да се користи, мора да се исклучат Bluetooth®
Low Energy модулот GCY 42 и копчестата батерија.
Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
u
додека не дојде во состојба на мирување.
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
u
„Напомени за статика ".
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
u
налегнува сигурно со својата тежина.
1 609 92A 6WT | (24.06.2022)
По силното оптоварување, оставете го
u
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
Електричниот алат не го користете со држач за
u
сечење.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Доколку електричниот алат се полни електростатички,
инсталираната електроника го исклучува електричниот
алат. Повторно притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) или притиснете го лостот за
отклучување (10)нанапред и потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9) нагоре, за
повторно да го вклучите електричниот алат.
Совети при работењето
Грубо брусење
При грубото брусење со композитни брусни
u
средства секогаш користете ја заштитната хауба за
брусење (15).
Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
u
за грубо брусење.
При грубото брусење заштитната хауба за
u
сечење (17) или заштитната хауба за брусење (15)
со монтиран поклопец за сечење (18) може да удри
во делот што се обработува и да доведе до губење
на контролата.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
При употребата на композитни плочи, кои се одобрени
u
и за сечење и за брусење, може да се користи
®
заштитната хауба за сечење (17) одн. заштитната
Low
хауба за брусење (15) со монтиран поклопец за
сечење(18).
Површинско брусење со ламелеста брусна плоча
При брусење со ламелеста брусна плоча секогаш
u
користете ја заштитната хауба за брусењето (15).
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Површинско брусење со брусен диск
При работењето со гумен диск за брусење (23)
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (22).
Брусењето со брусен диск може да се изврши без
заштитна хауба.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gwx 18v-15 scProfessional gwx 18v-15 pProfessional gwx 18v-15 pscGwx 18v-15 c professionalGwx 18v-15 sc professionalGwx 18v-15 p professional ... Mostrar todo

Tabla de contenido